Author: dino

Со доминантна победа од 5,5 : 0,5 во последното коло над ШК Гостивар, ШК Алкалоид продолжи со освојување на титулата државен првак на Македонија во екипна конкуренција веќе 14 години во низа. Со максимален учинок од 18 бода во 9 кола, најдобрите македонски шахисти во ниту еден момент не им дадоа надеж на конкурентите за препуштање на шампионскиот трон и експресно ја освоија својата 28. титула во 34 настапи по осамостојувањето на државата. Младиот столб на тимот сочинет од ИМ Емил Ристески, ИМ Филип Панчевски, ИМ Тони Лазов и ИМ Дејан Стојановски го понесе товарот во најголем број од мечевите,…

Read More

УЕФА денеска го објави календарот за натпревари во новата сезона во Лигата на шампионите. Според распоредот на средбите, таа ќе започне со неколку големи европски пресметки. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Интер, додека Порто ќе биде домаќин на Манчестер Сити. Ден подоцна, на „Енфилд“, Ливерпул ќе се соочи со Атлетико Мадрид, во реприза на драматичниот дуел од минатата сезона, кога англискиот тим славеше со 3:2. Во истиот термин Барселона ќе го пречека Феенорд, додека Наполи ќе игра против Арсенал. На 10 септември во Лигата на шампионите ќе стартуваат и Баерн Минхен…

Read More

Џенова постигна усмен договор со Сантос за ангажман на 18-годишниот Робињо Жуниор, синот на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо. Младиот напаѓач во италијанскиот клуб ќе пристигне на позајмица, со опција Џенова да го откупи неговиот договор. Робињо Жуниор во моментов е во Италија, каде што ги завршува административните процедури, а во Џенова треба да ги мине и лекарските прегледи пред официјално да го комплетира трансферот. Станува збор за офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во нападот. За Сантос дебитираше во сениорскиот тим во 2025 година, а сезонава има 13 настапи и еден постигнат гол.

Read More

Трансферот на Франк Кеси во Јувентус е пред откажување, откако двете страни не успеаја да постигнат договор за условите на соработката. Според информациите на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, 29-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска му соопштил на торинскиот клуб дека нема да го потпише понудениот договор. Јувентус на Кеси му понудил годишна плата од 3,5 милиони евра, сума која клубот не бил подготвен дополнително да ја зголеми. Проблемот, сепак, се појавил и околу третата година од договорот, односно условите под кои таа би била активирана и платата на фудбалерот во таа сезона. Кеси летово беше силно поврзуван со…

Read More

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ги завршува последните подготовки пред првиот натпревар од втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал в недела ќе гостуваат во Виена, каде ќе се соочат со селекцијата на Австрија. Натпреварот во „Спорт Арена Виена“ е првиот предизвик за Македонија во новата фаза од претквалификациите. По пристигнувањето во австриската престолнина, македонските репрезентативци веднаш продолжија со подготовките и работеа во салата во која ќе се одигра неделниот натпревар. Фокусот е насочен кон тактичката подготовка и анализата на противникот, со желба Македонија на најдобар можен начин да…

Read More

Таеквондистката, Милијана Рељиќ, на Отвореното Светско првенство Г-4 во Таијуан, Кина, освои бронзен медал.Во категоријата -62кг каде имаше 43 натпреварувачки, Милијана во првото коло издвојува победа над домаќинката Јијао Санг со 2:0 во рунди, во следното коло беше поуспешна од Узбекистанката ,Мохидил Уктамјонова со 2:1. Во борбата за медал, Мила беше поуспешна од претставничката од Тајпеј, Чиа Веи Ванг исто така со 2:1 во рунди. Мила освои 14,4 поени што ќе ја однесат во првите 16 на Олимписката ранкинг листа за норма за Игрите во Лос Анџелес

Read More

Учесниците во Конференциската лига денеска ги дознаа противниците со кои ќе играат во групната фаза . Аталанта чиј член сезонава е Елиф Елмас ќе има тешко гостување кај Ајакс, а ќе игра по натпревар и против Пафос, Мјалби, Каират, Борац и Рига. Црвена Ѕвезда на домашен терен ќе игра против ФК Копенхаген, Трабзонспор и Интер Ескалад. Српскиот шампион ќе гостува кај Гент, Иберија Тбилиси и Лугано. Хајдук ги израдува фановите со пласманот во оваа фаза а ќе им приреди и спектакл со дуелот против Ајакс на домашен терен. Противниците на сите учесници може да ги видите на следниот ЛИНК

Read More

Европската фудбалска федерација денеска ја организираше ждрепката за главната лигашка фаза во Лига Европа. Јувентус доби двајца противници од Ла Лига – Реал Сосиедад и Селта Виго а на списокот на ривали се и клубови како АЗ Алкмар, НЕЦ и Рен. Милан, пак, ќе игра против секогаш опасната Бенфика, но и две екипи од Англија. Сандерленд и Борнмаут ќе бидат незгодни противници за екипата предводена од Рубен Аморим a за фановите на „росонерите“ во нашата земја посебно интересно ќе биде што екипата ќе гостува кај Олимпијакос и Левски. Противниците на секој учесник во ЛЕ може да ги видите на следниот ЛИНК

Read More
NBA

Тимбервулвс треба да намалат околу 3 милиони долари за ограничување на капиталот за да останат под вториот праг со претстојното доаѓање на Џонатан Куминга.  Затоа НБА тимот се очекува да го продаде бекот, Џош Грин, за да ја постигне таа цел, објави „Атлетик“ . 25-годишниот бек се најде во Минесота како дел од размената на Ламело Бол од Шарлот. Во 58 натпревари минатата сезона, Грин имаше просек од 4,3 поени и 1,8 скока, односно 15,7 минути по натпревар.

Read More

Напаѓачот, Рафаел Леао, сè уште не донел одлука за неговата иднина иако Милан е подготвен да разгледа понуди од Астон Вила или Галатасарај. Според португалскиот весник „Рекорд“, гигантот од Милано беше принуден да ја намали почетната цена од 60 милиони евра на околу 50.Астон Вила и Галатасарај се подготвени да ја платат. Тоа значи дека одлуката на крајот ќе зависи од играчот кој претходно истакна дека сака да игра во Премиер-лигата.

Read More