Author: dino

Фудбалерите на Челзи по стартните победи со Фулам и Брајтон, сега ги очекува дерби-меч со шампионот на Премиер лигата – Арсенал. Тренерот на „сините“, Чаби Алонсо, верува во успех во градското дерби. „Ќе направам сè што е потребно за да победам. Секој натпревар може да биде различен, затоа треба да се подготвиме најдобро. Треба да тренираме и да очекуваме секакво сценарио“ – нагласи Шпанецот. „Верувам дека можеме да продолжиме да напредуваме и да ги елиминираме слабостите“ – потенцираше тренерот на лондончани.

Read More

Maкедонската репрезентација во кик-бокс се враќа со 4 златни и еден сребрен медал од Светскиот Куп во Будимпешта. На највисокото место на пиедесталот се искачија: Пепи Велков, Исмаил Туркер, Андреј Смилевски и Калин Бабовски додека Радослав Велески обезбеди сребро. Задоволството од успехот не го крие селекторот, Дејан Митровски – Урко. „Oвие млади натпреварувачи и уште десетина кои поради повреди беа спречени да настапат на овој Светски куп, се новите ѕвезди во македонскиот кик-бокс. Сега ни останува да извадиме максимум злата на престојното Светско јуниорско првенство од 18 до 27 септември“ – вели селекторот Митровски.

Read More

Нашите најдобри кошаркари очекувано со победа го започнаат вториот дел од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Тие денеска во групата „Ф“ славеа преубедливо на гостувањето кај Австрија со 91 спрема 59 откако имаа целосна доминација на теренот. Кај на Ефремовски постигна 17 поени, а ненад Димитријевиќ запиша историски трипл-дабл во рпрезентативниот дрес од 15 поени, 14 скока и 11 асистенции.  Кај домаќинот Капич, Кепер и Ланмулер постигнаа по девет. Македонија во наредното коло на 26 ноември ќе биде домаќин на Кипар кој претходно славеше против Австријците.

Read More

Шпанецот, Марк Маркез, со моторот на Дукати славеше на трката за Големата награда на Арагон во Мото ГП. Тој победи пред неговиот сонародник, Педро Акоста од Ред Бул и Италијанецот, Марко Бецеки со мотор на Априлија. Алекс Маркез заврши четврти додека Хорхе Мартин (Шпанија), го обезбеди петтото место со што останува лидер во генералниот поредок пред Марк и Бецеки. До крајот на сезоната остануваат уште девет трки. Наредниот собир ќе биде во Сан Марино од 11 до 13 септември.

Read More

Стратегот, Лучијано Спалети, не крие дека е задоволен од победата на неговиот Јувентус против Парма со 2-0 во меч од 2 коло во Серија „А“. „Мене ми се допадна првото полувреме. Вистина е дека бевме малку хаотични. Среќен сум што толку долго правевме притисок врз нашите противници. Создадовме многу ситуации“ – рече Спалети и се насочи кон повредата на Турам. „Доколку се потврди ситуацијата со Турам, тогаш ни треба играч во средниот ред. Нашите директори ќе бараат алтернатива“ – потенцираше тренерот на „старата дама“.

Read More

Фудбалскиот состав Фиорентина неделава ќе ја слави 100-годишнината со голема најава на посебна церемонија. Дресот со број 10 ќе биде повлечен од употреба во чест на легендата на клубот, Џанкарло Антониони, кој го носеше 15 години помеѓу 1972 и 1987 година. Антониони постигна 61 гол во 412 настапи во сите натпреварувања оставајќи траен белег во богата историја. Тој беше дел од победничкиот тим на Фиорентина во Купот на Италија во сезоната 1974/75.

Read More

Лиам Лосон изјави дека сè уште не знае каде ќе се трка во 2027 година и дали ќе остане во Формула 1. Неговата  изјава доаѓа по договор што Макс Верстапен го потпиша со Ред Бул непосредно пред рестартирањето на сезоната. Тоа практично значи дека Булси моментално имаат три слободни места за сезоната 2027 и четири возачи кои се борат за нив. „Мислам дека разговорите течат но, нема ништо конкретно“ – изјави Лосон.

Read More

Aргентинскиот централен бек, Леонардо Балерди, замина во Рома за една сезона а договорот за позајмица наводно вреди 1 милион евра. Опцијата за откуп која веројатно ќе стане задолжителна, вреди дополнителни 15 милиони евра. 27-годишникот е петтото ново засилување по Сантијаго Кастро од Болоња, Родриго Мора од Порто, Константинос Кулиеракис од Волфсбург и Ноел Молина од Атлетико Мадрид. Балерди ги помина последните шест сезони од својата кариера во Франција во Олимпик Марсеј

Read More

Манчестер Сити е уверен дека ќе може навреме да го заврши трансферот на Коди Гакпо од Ливерпул. Холандскиот крилен напаѓач се согласил да се пресели на „Етихад“. Тој беше стартер во првите два натпревари постигнувајќи гол против Њукасл а на вчерашниот натпревар со Нотингем Форест му асистираше на Александар Исак. Ливерпул ќе го продаде Гакпо само ако привлече уште едно крило покрај Бредли Баркола кој официјално треба да стане негов играч денеска или утре.

Read More

Фудбалерот, Рафаел Леао, од денеска е член на турскиот гигант Галатасарај. Португалскиот интернационалец ги напушти „росонерите“ по седум сезони. Турците ќе платат фиксна сума од 38 милиони евра, без бонуси. Покрај тоа, Милан ќе задржи 20% од правата за продажба на играчот во иднина. Леао ќе има нето плата од 10 милиони евра по сезона без бонуси. Напаѓачот ќе го носи дресот со бројот 27.

Read More