Шефовите на Јувентус, Џовани Карневали и Фредерик Масара, имаа средба со претставниците на фудбалерот, Франк Кеси.Тие сакаат да издејствуваат трансфер на поранешниот играч од средниот ред на Аталанта и на Милан. „Бјанконерите“ имаат доволно средства за плати и не го прекршуваат финансискиот фер-плеј. Тоа значи дека без проблеми можат да го ангажираат Кеси.
Author: dino
Денеска во Монако со ждрепка беа одредени двојките з анатпреварите од Лигата на шампионите за новата сезона 2026/27. Клубовите кои беа прворангирани добија интересни ривали за главната фаза, а особено интересно ќе биде меѓу ПСЖ, Барселона и Манчестер Сити кои ќе имаат круг од меѓусебни дуели. Новата сезона во Лигата на шампионите започнува од 8 до 10 септември: ПРВ ШЕШИР: Баерн : Арсенал (д), Атлетико Мадрид (г), Бетис (д). Манчестер Јунајтед (г), Бодо/Глимт (д), Лил (г), Славија Прага (д), Викинг (г). Арсенал : Реал Мадрид (д), Баерн (г), Дортмунд (д), Бетис (г), Лил (д), Наполи (г), Сабах (д), Славија Прага (г). Ливерпул…
По европското злато за боксери до 23 години, најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски освои уште еден медал. Битолчанецот од Медитеранските игри во Таранто се враќа со бронза. Рустемовски не успеа да се пласира во големото финале, откако во израмнета борба во сите три рунди загуби од Шпанецот Ернандез со одлука на судиите од 4-1. Со тоа, македонскиот боксер настапот на Медитеранските игри го завршува со место на пиедесталот и бронзен медал. Од македонската делегација сметаат дека Рустемовски бил оштетен со судиските одлуки и затоа веднаш по мечот било реагирано и поднесено официјалното барање за разгледување на одлуката. Барањето беше прифатено,…
Фудбалскиот клуб, Тиквеш, ќе мора да плати 5.000 евра поради националистички скандирања од трибините и фрлање предмети на теренот на натпреварот против Шкендија Арачиново 77 во 3-то коло од прволигашкото друштво. Струга Трим Лум АД е казнета со 2.000 евра поради пропусти во организацијата на мечот односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа, како и поради несоодветно обележување на линиите на теренот. Дисциплинската комисија изрече суспензии и за фудбалерите кои беа исклучени поради втор жолт картон. Играчот на Беласица, Димитриј Димитриевски и Зоран Ивановски од АП Брера Струмица, ќе паузираат по еден меч.
Хрватот, Драган Јерковиќ, ќе биде новиот тренер на голманите во нашата машка сениорска ракометна репрезентација. Тој има богато интернационално искуство. Последните две сезони ги помина во Рајн Некар Левен а сега ќе биде дел од Ерланген. „Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател, Кирил Лазаров, едноставно не можев да го одбијам“, изјави Јерковиќ.
Денеска ќе биде одреден распоредот за групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони за сезоната 2026/27 во која ќе партиципираат 36 клубови. Секој од нив ќе одигра осум натпревари – четири дома и четири на гости. Во првата по квалитет група се : ПСЖ, Баерн, Реал Мадрид, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид. Од вториот стаклен сад ќе бидат извлекувани: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Бетис, ПСВ. Од третиот : Феенорд, Лил, Наполи, РБ Лајпциг, Виљареал, Шахтјор Донецк, Галатасарај, Бодо/Глимт, Фенербахче. Во групата на аутсајдери влегуваат – Штутгарт, Комо, Ленс, Сабах, ЛАСК,…
Калина Митева и Кристијан Митев од пинг понгарскиот клуб Пелагонија од Битола, шест денови работат под палката на Бојан Милошевиќ, координатор за перспективни спортисти и тренери од Белград. На тренинг –кампот во Србија се активни најперспективните млади пинг понгари како и дел од избраните репрезентативци на Србија. Тренинг кампот е резултат на воспоставената соработка со Пинг понгарската федерација на Србија која претставува регионална мрежа за надградба и унапредување на сегашни и наредни играчи, стои во објавата од нашата Федерација.
Милан и Галатасарај веројатно ќе постигнат договор за трансфер на Рафаел Леао, за 45 милиони евра без бонуси. Истите ќе бидат дополнително одредени доколку „нероаѕурите“ ја прифатат понудата, забележуваат медиумите во Италија. Според нив, Леоа треба да добие договор со 2030 година. Познато е дека за потписот на Португалецот беше заинтересирана и Астон Вила со тоа што англичаните сакаа првично да го ангажираат на позајмица за една сезона а потоа да му го откупат договорот.
Тренерот во НБА лигата, Брет Браун, кој работеше во Филаделфија, вели дека е задоволен од доаѓањето на Џејлен Браун и Леброн Џејмс. „Тоа е прекрасна приказна за градот. Тоа е доказ за играчите. Одлуката на Леброн да дојде во Филаделфија и размената на Џејлен зборуваат добро за Сиксерси.“ – вели Браун. „Тоа е можеби последна шанса за Џејлен да го направи тоа што го сака – да биде запаметен како шампион“ – призна Браун.
Екипата на Торонто објави специјално лого за дресот на Кајл Лари, кој ќе виси во арената по церемонијата по повод пензионирањето на поранешниот плејмејкер. Според најавеното, маскотата на клубот ќе биде прикажана во препознатливата поза на шампионот на НБА за 2019 година и ќе го носи дресот со број 7. Ќе потсетиме дека 40-годишниот кошаркар во претходниот месец се повлече од активно играње.
