Хрватот, Драган Јерковиќ, ќе биде новиот тренер на голманите во нашата машка сениорска ракометна репрезентација.
Тој има богато интернационално искуство. Последните две сезони ги помина во Рајн Некар Левен а сега ќе биде дел од Ерланген.
„Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател, Кирил Лазаров, едноставно не можев да го одбијам“, изјави Јерковиќ.

