Денеска ќе биде одреден распоредот за групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони за сезоната 2026/27 во која ќе партиципираат 36 клубови.
Секој од нив ќе одигра осум натпревари – четири дома и четири на гости. Во првата по квалитет група се : ПСЖ, Баерн, Реал Мадрид, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид. Од вториот стаклен сад ќе бидат извлекувани: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Бетис, ПСВ. Од третиот : Феенорд, Лил, Наполи, РБ Лајпциг, Виљареал, Шахтјор Донецк, Галатасарај, Бодо/Глимт, Фенербахче. Во групата на аутсајдери влегуваат – Штутгарт, Комо, Ленс, Сабах, ЛАСК, Славија Прага, АЕК Атина, Викинг, Слован Братислава.
Осумте најдобри екипи ќе се пласираат во осминафиналето додека тие од деветтото до 24-тото место ќе играат во првата елиминациска фаза.

