Кошаркарот на Портланд, Шедон Шарп, има скинат менискус на коленото и се очекува да отсуствува околу шест месеци, објави новинарот, Шамс Чаранија. 23-годишникот во претходната сезона одигра 51 натпревар во регуларниот дел и постави рекорд во кариерата со просек од 20,7 поени по натпревар. Тој исто така забележа 4,3 скока и 2,6 асистенции за просечно 29,4 минути поминати на теренот.
Author: dino
Тренерот на кошаркарите на Торонто, Дарко Рајаковиќ, изјави дека младиот центар од Франција, Виктор Вембањама, има потенцијал да ја промени кошарката. „Виктор Вембањама е уникатен играч, не станува збор само за неговата висина или вештина. Тој е неверојатно фокусиран и мотивиран. Знае кон што се стреми.“ – рече Рајаковиќ. „Мислам дека тој ќе биде еден од играчите кои ќе ја променат играта. Тој би можел да стане најдобриот кошаркар во историјата“ – рече тренерот на Торонто.
Фудбалскиот состав на Манчестер Сити кој тешко ја започна сезоната во Премиер-лигата со минимална победа дома против Брентфорд остварена со комплетен пресврт во вториот дел, успеа да обезбеди засилување за средината на теренот. Станува збор за 22-годишниот талент Алан Андраде Елиас, кој треба да пристигне од составот на Палмеирас. Според објавеното во медиумите во Англија, „граѓаните“ за интернационалецот од Бразил ќе треба да платат најмалку 40 милиони евра плус задолжителни бонуси.
Саудискиот фудбалски состав Ал-Хилал ги интензивирал преговорите со Арсенал за ангажман на бразилскиот офанзивец, Габриел Мартинели. Според најавите, трансферот може да се реализира за околу 50 милиони фунти. Фудбалерот на „топчиите“ не се појави на првиот сезонски меч против Ковентри.Мартинели кој претходно одби понуди за замине во Турција, ја одработува последната година од договорот со англискиот состав.
Еурофарм Пелистер неочекувано ја прекина соработката со ракометарот, Омер Мехмедовиќ, кој практично без да одигра официјален меч си заминува од Битола. Тој ги помина летните подготовки со „зелено-белите“ но, не доби шанса да се појави пред домашната публика. Интернационалецот од БИХ во мај беше најавен како големо засилување но, од засега непознати причини, си замина од клубот.
Ракометарот на Охрид, Дарко Ѓукиќ, може да замине во составот на Партизан кој ќе биде дел од Лигата на шампионите во новата сезона. Според одредени шпекулации, српското десно крило е пред трансфер во редовите на „црно-белите“. Низ кулоарите се шпекулира дека челниците на Партизан ќе направат напор да го ангажираат Ѓукиќ кој би бил одлично засилување за наредните предизвици пред се во меѓународната конкуренција.
Нашите најдобри кошаркари ги одработуваат подготовките за мечот со Австрија на 30 август во Виена на стартот на претквалификациска фаза за Европското првенство. Повратникот во националниот тим, Ненад Димитријевиќ, верува дека можеме да дојдеме до позитивен резултат. „За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е непријатен ривал но, наша цел е настап на Европското првенство. За мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија“ -вели Димитријевиќ.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171.место на ВТА листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105.место (5.август 2024 година). Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот.
Ракометниот клуб, Вардар, го претстави новиот бел дрес што ќе биде во комбинација за новата сезона. Истиот е со светла основа со црвени детали и препознатливи клупски елементи а посебно се издвојува грбот на клубот со двете ѕвезди. Новиот изглед е поврзан и со јубилејната година на Вардар бидејќи на ракавите е вметнат детал посветен на 65 годишнината од формирањето на клубот. Промотивните фотографии беа направени во салата – „Расадник“ која има историско значење за „црвено-црните“.
Директорот на Џенова, Диего Лопез, го критикуваше судењето на натпреварот против Наполи во првото коло од Серија „А“ кога неговиот тим загуби дома со 2-0. Според него, голот на Де Бруин во 82-та минута требало да биде поништен бидејќи Белгиецот го турнал противничкиот дефанзивец, Жоан Васкез. Судија на мечот беше Марко Ди Бело. „Цела Италија виде што се случи. Тој судија беше задолжен за ВАР системот во изминатата сезона кога Наполи заработи пенал во самиот финиш. Тој го судеше и натпреварот Рома-Џенова кога нашиот голман беше удрен во лицето а противникот даде гол. Во двата случаи, судиите подоцна ја признаа…
