Author: dino

Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансфер на талентираниот фудбалер од средниот ред Ајуб Буади. Англичаните ќе платат 95 милиони евра плус уште пет како бонуси. 18-годишниот марокански репрезентативец ќе потпише договор за пет сезони плус дополнителни 12 месеци. Тој ќе стане најскапиот тинејџер во историјата на Премиер лигата. Претходно рекордот го имаше  Лени Јоро за кого Манчестер Јунајтед му плати на Лил 58,9 милиони фунти во 2024 година.

Read More

Италијанскиот маратонец Алесио Очипинти е победник на 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска. Тој ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри за 5:03,44 часа. Одличен настап имаше македонски млад маратонец, Петар Цеков, кој во конкуренција на 16 маратонци на крајот го освои третото место. Второто место му припадна на Николо Ричарди, а 17-годишниот Петар Цеков успеа да се пробие меѓу тѕројката најдобри и да покаже дека е иднина на македонското маратонско пливање. Во женска конкуренција победи Аргентинката Матје Ален Пука.

Read More

Денеска од Сплит можеме да кажеме дека една навистина голема спортска приказна полека ја заокружува својата 30-годишна историја. Вчерашниот ден беше вистинскиот врв на прославата на 30 години Плазма Спортски игри на младите. И мора да почнам од едно место кое вчера навистина беше центар на спортскиот свет во Сплит – Хрватското народно казалиште. Во HNK Split беше одржана свечената церемонија по повод големиот јубилеј на Игрите. И кога ќе кажеме 30 години, треба да се знае за каква приказна станува збор – низ Игрите досега поминале милиони деца, а денес тие се една од најголемите аматерски спортски манифестации во…

Read More

Англиски Челзи објави продолжување на договорот со напаѓачот Жоао Педро. Новиот договор на 24-годишниот Бразилец е со важност до 2034 година. Педро е во Челзи од летото 2025 година. „Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи да се обврзам долгорочно на овој тим. Челзи има долгогодишна победничка традиција и големи амбиции за иднината. Имам одличен однос со сите во клубот и се чувствувам како дома во Лондон уште од првиот ден“, рече Педро.

Read More

Спортскиот директор Деко најави дека Барселона дефинитивно ќе го засили нападот со еден квалитетен играч до крајот на преодниот рок, но досега се уште нема ништо конкретно бидејќи главните фаворити за ваков трансфер не добиваат зелено светло од своите клубови. Хулијан Алварез и натаму е член на Атлетико Мадрид, неговиот сонародник Лаутаро Мартинез е покомплицирана опција бидејќи Интер не планира да се откаже од капитенот, а на списокот опции сега е вклучен и Фоларин Балогун. Американскиот репрезентативец е член на Монако, клуб кој веројатно нема да одбие трансфер доколку добие соодветна понуда, а Барселона би добила искусен фудбалер. Балогун минатата…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, и следнава сезона ќе остане на Апенините. Денеска 26-годишниот офанзивен играч ги потпиша документите за позајмица во екипата на Аталанта. Тимот од Бергамо се договори со германски Лајпциг за позајмица со опција за целосен откуп на крајот на сезоната. Предложениот договор за играчот е со важност до 2031 година и се состои од почетен едногодишен рок со опција за уште четири години.

Read More

Tаеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката, Леона Миленкоска, го носеа македонското знаме на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Таранто. Во наредните денови македонските бои ќе ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година. На отворањето беше и Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска- Давкова, која во текот на денов оствари средба и со нашите репрезентативци во Италија.

Read More

Селекторот на нашата машка кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, повика 15 играчи за натпреварот со Австрија закажан на 30 август во Виена.Истиот ќе биде од првото коло од групата „Ф“ од втората фаза на квалификациите за Европското во 2029.Еве го списокот на повикани:Ненад ДимитријевиќВиктор ТашовскиВиктор ЕфремовскиВојдан СтојановскиЛука СтојановскиАдем МекиќАндреј ЈакимовскиСтојан ЃуроскиЛејсон ЗеќириВалмир КакрукиРезарт МемедТома СтојаноскиПетар БошалескиКристијан НиколовМозес Рајт Кошаркарите од понеделник ќе се подготвуваат во Скопје пред да заминат на гостувањето под Алпите.

Read More

Новата ракометна сезона кај нас традиционално ќе започне со натпреварот во Супер Купот за 2026 година. РФМ објави дека на 2 септември во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Охрид. Двата тима ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона. Средбата ќе започне во 19.00 часот. РФМ дополнително ќе објави информација каде ќе може да се купат влезници.

Read More

ФИФА донесе одлука по големиот хаос што следеше по финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Шпанија и Аргентина. Најстрого е казнет Леандро Паредес од Аргентина со дури десет натпревари. Нахуел Молина доби суспензија од седум а Тијаго Алмада нема да може да ги игра на два меча „гаучосите“. Помошникот селектор на Аргентина, Роберто Ајала, беше суспендиран на три натпревари. Аргентинската фудбалска асоцијација исто така беше казнета со 250.000 евра за неколкуте инциденти за време на Светското првенство.

Read More