Новата ракометна сезона кај нас традиционално ќе започне со натпреварот во Супер Купот за 2026 година.
РФМ објави дека на 2 септември во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Охрид. Двата тима ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона. Средбата ќе започне во 19.00 часот.
РФМ дополнително ќе објави информација каде ќе може да се купат влезници.

