Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Медитеранските Игри во Таранто. Таа во текот на денов во Олимпиското село се сретна со нашите спортисти, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите. Претседателката им пожела успешни настапи и изрази надеж дека со нивната посветеност, борбеност и спортски дух, достоинствено ќе ги претстават нашите бои. Присуството на Силјановска-Давкова е историски момент за нашиот спорт на Медитеранските игри бидејќи прв пат македонски претседател е дел од големиот регионален настан.
Author: dino
Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена. Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронза во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Во женска конкуренција во шах, , Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал додека во машка конкуренција…
Македонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени. Нашата земја годинава за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од постоењето а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови.
Фудбалерот, Родриго Мора, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Рома, призна дека неговиот соиграч Пауло Дибала е негов идол. „Искрено, многу сум среќен и се надевам дека ќе имам одлична сезона“ – рече фудбалерот на „волчицата“. „Пораснав гледајќи го Дибала. Едвај чекам да го запознаам“ – објасни Португалецот кој дојде во Рим на позајмица од Порто.
Гинтер Штајнер, ги сподели своите мисли за иднината на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој губи предност во однос на неговиот тимски колега, Андре Кими Антонели. „Неговиот личен живот е едно. Мислам дека нема никаква врска со неговата професија или неговата кариера“ – рече Штајнер. „Тој е сè уште добар возач но, ќе остане без место во првите четири тима доколку не ги испорача очекуваните резултати“ – нагласи Штајнер.
Поранешниот кошаркар на Барселона, Мајлс Кејл, кариерата ќе ја продолжи во составот на Вилербан. Францускиот клуб го објави потпишувањето на договорот со 27 годишникот кој е висок 198 см. Американецот во претходната сезона играше за Барселона. Таму го имаше дебито во Евролигата. Црномурестиот поентер реализираше 37 натпревари со просек од 5,9 поени и 2,1 скока.
Речиси целиот состав на Лејкерси отпатува во Словенија на тренинг камп кој ќе се одржи од 20 до 24 август. Настанот го организира лидерот на тимот, Лука Дончиќ. 16 од 17 играчи на „езерџиите“ полетаа за Љубљана со приватен авион изнајмен од Дончиќ. Toa можеше да се види на објавените фотографии. Големата НБА ѕвезда во целата програма обезбедил торби со сувенири, вечера во еден од неговите омилени ресторани, риболов на Бледското езеро, голф и други заеднички активности.
Кливленд и слободниот кошаркар, Џејмс Харден, ќе се согласат на договор откако лигата ќе ја одобри голема размена во која е вклучен клубот. 36-годишниот бек се согласил да го одложи потпишувањето додека не се ангажира Пејтон Вотсон. Харден бара двегодишен договор од 60-75 милиони долари со опција за ангжман и во втората година.
Луѓето од Ливерпул се подготвени да испратат сериозна понуда од 65 милиони евра за младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик. Бразилецот во изминатата сезона настапуваше како позајмен во францускиот состав Лион но, по добрите игри во серија, „кралевите“ решија да го вратат на „Сантијаго Бернабе“. „Црвените“ сепак се надеваат дека Ендрик ќе ја прифати нивната понуда бидејќи сигурно ќе добие далеку поголема минутажа отколку во редовите на шпанскиот состав.
Барселона внимателно ја следи ситуацијата со фудбалерот на Бриж, Николо Тресолди, велат последните информации од Пиринеите. Италијанецот со германско државјанство блесна минатата сезона постигнувајќи 23 гола и додавајќи 9 асистенции. 21-годишниот играч има договор со белгискиот клуб до 2029 година и има откупна клаузула од 40 милиони евра.
