Македонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Нашата земја годинава за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од постоењето а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови.



