Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Денеска завршува финалето на СИМ во Хрватска
    Домашен микс

    Денеска завршува финалето на СИМ во Хрватска

    dinoBy dino20/08/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена.

    Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронза во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Во женска конкуренција во шах, , Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро. Во пинг-понг, Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се накити со сребрен медал. Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево. Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

    Големото финале на Плазма Спортските игри за млади е предвидено за вечерва во Сплит а се очекува на теренот да се појават и бројните најавени спортски ѕвезди и гости со што ќе биде ставена точка на големиот спортски спектакл.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.