Италијанскиот шампион Интер го ангажираше англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој доцна синоќа пристигна во Италија за да ги помине медицинските тестови. Тој во претходната сезона се наметна со добрите игри во редовите на Тотенхем а доби и шанса и од Томас Тухел да настапи на последниот Мундијал. „Нероазурите“ веруваат дека Спенс ќе биде соодветна замена за Дензел Дамфрис кој се пресели во Реал Мадрид. Трансферот треба да биде во висина од 35 милиони евра.
Author: dino
Фудбалерот, Феран Торес, денеска треба да ги помине задолжителните медицински тестови во Франција и да потпише за екипата на ПСЖ. Неговиот досегашен клуб, Барселона, ќе инкасира 50 милиони евра од трансферот. Шпанецот претходно најави дека сака да си замине од стадионот – „Камп Ноу“ и дека понудата од францускиот клуб била најпривлечна. Торес ќе биде одлично засилување на „Паркот на принцовите“ и веројатно партнер во нападот на Осман Дембеле.
Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, има две атрактивни понуди да ја промени средината. За него е заинтересиран Саудискиот гигант, Ал-Хилал кој стапил во контакт со турскиот тим за да ги дознае условите под кои би можел да го ангажира Нигериецот. Денеска пак, се појави веста дека за потписот на одличниот напаѓач конкурира и екипата на Арсенал. Се претпоставува дека сумата за трансфер на Осимен ќе биде од 65 до 75 милиони евра без задолжителни бонуси.
Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, Македонскиот олимписки комитет денеска организираше едукативен ден за спортистите и членовите на придружниот персонал на делегацијата. Преку двете интерактивни сесии, членовите на делегацијата добија практични информации и знаења кои ќе им помогнат полесно да се справат со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан – од препознавање и избегнување на ризици поврзани со анти-допинг правилата, до подобра концентрација, справување со притисокот и одржување на менталната стабилност пред и за време на натпреварите. На Медитеранските игри Таранто 2026 Македонија ќе биде претставена…
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија изрече неколку казни по завршувањето на 2 коло во елитната конкуренција.Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на Вардар, се казнува со забрана за настап на пет натпревари поради црвениот картон на натпреварот против Шкендија додека играчот на тетовци, Анес Мељичи, доби казна од три меча. Рама Ландрит од Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на еден натпревар. Вардар треба да плати 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот со Шкендија додека Брегалница треба да плати 600 евра бидејќи и нејзините фанови користеа пиротехника.
Во текот на денов ќе старува 54-то издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир – „Струга 2026“. Во групата „Б“ ќе бидат шампионот Вардар, скопски Бутел и Прилеп додека во групата „А“ ќе играат српскиот состав Дубочица од Лесковац заедно со домаќинот Струга и екипата на ГРК Охрид. Според програмата, попладнево од 18.30 часот ќе се сретнат Вардар и Прилеп додека од 21.00 ќе играат домаќинот и охриѓани. Меѓу двата меча ќе биде свеченото отворање.
Крајно интересни пресметки не очекуваат во последниот филтер пред стартот на групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Еве ги двојките.Фенербахче (Турција) – Лион (Франција)НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка)Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан)Слован (Словачка) – Целје (Словенија)Селтик (Шкотска) – ЛАСК (Австрија)Динамо Загреб, Хрватска – Викинг (Норвешка)Левски Софија (Бугарија) – АЕК Атина (Грција). Првите натпревари ќе се одиграат на 18 август а реванш натпреварите на 25-ти. Победниците ќе одат во Лигата на шампионите додека поразените ќе влезат во групата во Лигата на Европа.
МЗТ Скопје го обезбеди македонскиот кошаркарски, репрезентативец, Петар Бошалески, кој е висок 197 сантиметри. Дваесет и двегодишниот бек-шутер ги помина сите младински национални селекции а во текот на летово беше дел и од сениорската репрезентација во претквалификациите за Европското во 2029 година. Toj играше за Работнички и Пелистер а изминатата сезона ја помина во дресот на Тиквеш.
Омар Абдулкадир Артан од Сомалија ќе биде главен судија на натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила кој ќе се одржи од 21.00 часот во австрискиот град, Салцбург. Минатата сезона ПСЖ ја освои Лигата на шампионите. Во финалето, парискиот тим на пенали го победи лондонски Арсенал. Астон Вила пак, ја освои Лигата на Европа. Англичаните во завршниот меч го совладаа германскиот Фрајбург со 3-0.
Фудбалерите на Пари Сен-Жермен и на Астон Вила вечер од 21.00 часот во Салцбург, Австрија, ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Французите ќе влезат во мечот како победници во Лигата на шампионите додека Астон Вила доаѓа како освојувач на Лигата на Европа. Тимот од „Паркот на принцовите“ ќе има шанса да го одбрани трофејот откако во изминатата година го совладаа англискиот, Тотенхем. Французите и Англичаните се сретнаа во четвртфиналето на Лигата на шампионите во пролетта во 2025 година. Тогаш ПСЖ го доби првиот натпревар дома со 3:1 а во реваншот Астон Вила победи со 3:2.
