Фудбалерот, Феран Торес, денеска треба да ги помине задолжителните медицински тестови во Франција и да потпише за екипата на ПСЖ.
Неговиот досегашен клуб, Барселона, ќе инкасира 50 милиони евра од трансферот. Шпанецот претходно најави дека сака да си замине од стадионот – „Камп Ноу“ и дека понудата од францускиот клуб била најпривлечна.
Торес ќе биде одлично засилување на „Паркот на принцовите“ и веројатно партнер во нападот на Осман Дембеле.

