Милвоки мора да се раздели со најмалку двајца кошаркари пред почетокот на регуларната сезона во НБА лигата. Пит Ненс, чиј двегодишен договор не е загарантиран, би можел да биде главен кандидат за отпуштање. Генералниот менаџер, Џон Хорст, се соочува со уште еден финансиски предизвик. Доколку не успее да реализира размена, ќе се зголеми ограничувањето на неплатените средства. Милвоки во моментов има 17 кошаркари со стандардни договори.
Author: dino
Неколку екипи од Стариот континент – Олимпијакос , Валенсија и Басконија, имаат намера да дојдат до потписот на Трендон Вотфорд, објавија дел од медиумите. 25-годишниот играч има желба да ја продолжи неговата кариера во НБА но, може да ги разгледа и другите опции. Тој стана слободен агент откако Филаделфија ја одби опцијата за префрлање во втората година од неговиот договор. Вотфорд има настапувано за Портланд, Бруклин и Филаделфија.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, изрази сочувство за смртта на легендарниот тренер и член на Куќата на славните, Дон Нелсон. „Дон Нелсон ја револуционизираше НБА кошарката со неговата храброст, досетливост и длабока убеденост во принципите. Тој помина речиси 50 години во НБА, освојувајќи пет шампионски титули со Бостон Бруинс како играч а потоа изгради една од најуспешните и најиновативните тренерски кариери во историјата на лигата.“ – рече Силвер. „Изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Дон и неговите бројни пријатели низ целата лига“ – потенцираше Силвер во објавата.
Неколку НБА тимови се заинтересирани за слободниот кошаркар, Бен Симонс, кој е отворен за потпишување минимален договор. Играчот наводно има негарантирана понуда од тим од Западната конференција. 30-годишникот не играше во изминатата сезоната бидејќи ја санираше повредата на грбот. Четирикратниот Ол-стар учесник последен пат го носеше дресот на Клиперс. Тој одигра 18 натпревари во регуларната сезона и пет во плејофот.
Првиот голман на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Тибо Куртоа, порано од очекувањата ја санираше повредата заработена на Мундијалот и полека влезе во индивидуален тренинг процес. „Мурињо е одличен тренер, бевме заедно во Челзи и среќен сум што повторно сум под негово водство“, изјави тој за клупската телевизија на Реал Мадрид. „Мурињо е тренер кој бара многу – дисциплина, групата пред поединци. Тој е одличен тренер и како личност е многу пристапен“ – рече Белгиецот.
Фудбалерот, Маркус Рашфорд, кој се врати во Манчестер Јунајтед откако му истече позајмицата во Барса, ќе добие нов број на дресот. Тој сега ќе ја има 14-та. Промената на бројот можеби изгледа како симболичен потег но, може да биде и порака дека Јунајтед сака да му даде нова шанса. Воедно и тренерот на „црвените ѓаволи“ најави дека црномурестиот напаѓач влегува во неговите планови за наредната сезона.
Трабзонспор започна преговори за ангажман на Дарвин Нуњез од Ал Хилал а трансферот би можел да биде реализиран како едногодишна позајмица. Потпретседателот на турскиот тим, Ибрахим Шахинкаја, наводно треба да отпатува во Саудиска Арабија и директно да преговара за реализација на трансферот. Трабзонспор е подготвен да плати околу 8 милиони евра за позајмица на 27-годишниот уругвајски напаѓач.
Црвена Ѕвезда го потврди трансферот на кошаркарот, Ник Вајлер-Баб кој дојде од турскиот состав Анадолу Ефес. Белграѓани во објавата истакнаа дека неколку тимови од Евролигата го барале бекот но, тој изразил желба да игра за српскиот гигант. Вајлер-Баб во изминатата сезона имаше просек 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока во 37 натпревари во Евролигата. Тој е шесттото летно засилувањ за „црвено-белите“ кои ги купија : Крис Џонс, Џонатан Мотли, Дејвид Кремер, Патрик Болдвин и Воин Медаревиќ.
Челниците на Атланта Јунајтед ќе се насочат кон фудбалерот на Комо, Алваро Мората, откако не успеаја да дојдат до потписот на играчот на Наполи, Ромелу Лукаку. Според одредени шпекулации за 33-годишниот играч се заинтересирани и Депортиво Ла Коруња и Хетафе како и клубови од Катар, Саудиска Арабија и Мексико. Поранешниот капитен на Шпанија играше и за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид, Галатасарај и Милан.
Фудбалерот, Маркус Рашфорд, откако ја заврши позајмицата во Барселона се врати во базата на Манчестер Јунајтед. Тој во изминатите две сезони играше како позајмен во Астон Вила и кај Каталонците. 28-годишниот напаѓач кој потекнува од школата на „црвените ѓаволи“ има 426 настапи за екипата од „Олд Трафорд“. Рашфорд во текот на денов се појави во тренинг-центарот откако имаше подолг одмор поради настапот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
