Author: dino

Дејан Станковиќ веројатно ќе го напушти кормилото на фудбалскиот состав Црвена Ѕвезда по вчерашната елиминација од Хапоел Бер Шева во квалификациите за Лигата на шампионите. Белграѓани иако се гледаа како фаворити во двомечот со Израелците, на крајот беа елиминирани со убедливи 3-0 по двата меча. Според информациите од Србија, Станковиќ веднаш по натпреварот поднел оставка од функцијата но, челниците на тимот не се расположени да ја прифатат.

Read More
NBA

Новото име во редовите на Голден Стејт, Јаксел Лендеборг, се насочи кон дебитантската сезона во најсилната кошаркарска лига во светот. „Ќе се обидам да постигнувам во просек 15 поени, околу 6 скока и 3-4 асистенции по натпревар. Тоа ќе биде минимумот за мене, минимална граница“ – рече 23-годишниот поентер. Лендеборг годинава беше избран од 11-то место на драфтот. Тој во изминатата сезона во колеџ-лигата, имаше просек од 12 кошеви и 11 скокови на 31 натпревар.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија, Тајрис Макси, откри како се обидел да го убеди Леброн Џејмс да му се приклучи на неговиот тим. Тој му испратил порака на Џејмс на шега, поканувајќи го да дојде во Филаделфија еден ден. Подоцна работата се покажа сериозна. „Му пишав: „Дојди. Мислам дека имаме добри шанси. Мислам дека можеш да ни помогнеш. Ти си веројатно најголемиот играч во историјата. Му кажав сè што мислев и разговарав со него барем три или четири пати“ – сподели Макси.

Read More

Фудбалскиот состав Сасуло го обезбеди Бенџамин Домингез од Болоња на позајмица со опција за откуп за 10 милиони евра на крајот од сезоната. Иако 23-годишникот се поврзуваше со трансфер во Бока Јуниорс или Васко де Гама, сепак ќе остане најмалку уште една сезона во Серија „А“. Аргентинскиот интренационалец има одиграно 48 натпревари за Болоња со ефект од четири голови и шест асистенции.

Read More

Продолжува неизвесноста околу иднината на голманот на Милан, Мајк Мањан, откако се појавија нови шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран тимот на Ал-Наср за кого настапува Кристијано Роналдо. Французинот уште не се појавил во тренинг кампот на „нероаѕурите“ што дополнително ја зголемува неизвесноста дали ќе остане во фудбалска Италија. Чуварот на мрежата на екипата од Милано иако има договор до јуни во 2031 година, најави, дека сака да си замине бидејќи не е задоволен како се одвиваат работите во клубот.  

Read More

Англичанецот, Ромел Глајв, триумфираше во спринтот на 100 метри на вториот ден од Европското првенство во атлетика во Бирмингем. 26-годишниот атлетичар ја доби битката со  неговиот сонародник, Џеремаја Азу и Овен Анса од Германија. Во другите финалиња, Надин Висер од Холандија драматично ја освои трката на 100 метри со пречки.26-годишната Надија Батоклети (Италија) ја одбрани титулата на 5000 метри. Бенс Халас од Унгарија триумфираше во фрлање кладиво .

Read More

Пливачката, Мерит Стенберген, ја продолжи доминација на патеката 100 метри слободен стил освојувајќи ја европската титула на шампионатот во Париз. Таа воедно го собори и рекордот на шампионатот. 26-годишната холандска ѕвезда ја помина патеката за 51,90 секунди. Таа е актуелна светска рекордерка со време од 51,68 секунди. Италијанецот, Николо Мартиненги, заврши прв на 100 метри градно додека Британската пливачка, Кејти Шанахан, беше најбрза на 200 метри грбно.

Read More

Првиот човек на кошаркарскиот тим Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, во интервју за „Евро инсајдерс“ зборуваше за неговата иднина во клубот. „Никогаш не реков дека ќе бидам тука засекогаш. Јас сум одговорен за околу три до четири милиони луѓе – без разлика дали се будат наутро со насмевка или не. Многу размислувам за тоа“ – призна Јанакопулос. „За пет години, ќе ги гледам натпреварите како редовен навивач и ќе викам: „Треба да потпишете уште еден центар, уште еден плејмејкер, уште еден мал напаѓач“ – рече низ насмевка сопственикот на грчкиот кошаркарски состав.

Read More

Фудбалерот, Ноел Молина, во текот на денов треба да пристигне во Италија за да ги помине медицинските прегледи во Рома пред да го финализира трансферот од Атлетико Мадрид. „Волчицата“ за Аргентинецот ќе плати 13 милиони евра плус четири како бонуси. Тренерот на римјаните, Џан Пјеро Гасперини, најави дека Молина од вторник треба да биде подготвен да започне да тренира со новите соиграчи. 28-годишниот има искуство од Серија „А“ бидејќи настапуваше за Удинезе.

Read More

Италијанскиот елитен состав Интер е подготвен да даде подобрена понуда до Ал-Итихад за потписот на крилниот напаѓач, Муса Диаби, кој треба да биде замена за Дензел Демфрис кој замина во Реал Мадрид.  27-годишниот француски репрезентативец му се приклучи на Ал-Итихад во 2024 година но, размислува да се врати во Европа. Првичната понуда од 20 милиони евра беше одбиена. „Нероаѕурите“ сега веројатно ќе испратат повисока финансиска понуда.

Read More