Првиот човек на кошаркарскиот тим Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, во интервју за „Евро инсајдерс“ зборуваше за неговата иднина во клубот.
„Никогаш не реков дека ќе бидам тука засекогаш. Јас сум одговорен за околу три до четири милиони луѓе – без разлика дали се будат наутро со насмевка или не. Многу размислувам за тоа“ – призна Јанакопулос.
„За пет години, ќе ги гледам натпреварите како редовен навивач и ќе викам: „Треба да потпишете уште еден центар, уште еден плејмејкер, уште еден мал напаѓач“ – рече низ насмевка сопственикот на грчкиот кошаркарски состав.

