Новото име во редовите на Голден Стејт, Јаксел Лендеборг, се насочи кон дебитантската сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.
„Ќе се обидам да постигнувам во просек 15 поени, околу 6 скока и 3-4 асистенции по натпревар. Тоа ќе биде минимумот за мене, минимална граница“ – рече 23-годишниот поентер.
Лендеборг годинава беше избран од 11-то место на драфтот. Тој во изминатата сезона во колеџ-лигата, имаше просек од 12 кошеви и 11 скокови на 31 натпревар.

