Англичанецот, Ромел Глајв, триумфираше во спринтот на 100 метри на вториот ден од Европското првенство во атлетика во Бирмингем.
26-годишниот атлетичар ја доби битката со неговиот сонародник, Џеремаја Азу и Овен Анса од Германија. Во другите финалиња, Надин Висер од Холандија драматично ја освои трката на 100 метри со пречки.
26-годишната Надија Батоклети (Италија) ја одбрани титулата на 5000 метри. Бенс Халас од Унгарија триумфираше во фрлање кладиво .

