Author: dino

Продолжува одличниот настап на македонските млади спортисти на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите, каде Македонија годинава за првпат учествува.И денеска имаме одлични вести од нашата делегација. Македонија освои уште пет медали, па македонскиот биланс на оваа историска прва меѓународна завршница сега изнесува седум – три сребрени и четири бронзени медали! Најуспешни денеска беа нашите претставници во пинг-понг и шах.Во пинг-понг, Јован Пармачки од Берово го освои второто место и сребрениот медал во машка конкуренција. Бронза освои Мартин Ристевски од Прилеп, додека во женска конкуренција третото место и припадна на Бојана Јовевска од Пехчево.Уште две сребра стигнаа од…

Read More

Во Сплит започна меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите а Македонија годинава за првпат е дел од големото меѓународно финале. На завршницата учествуваат 1.224 млади спортисти од шест земји, а македонските претставници ги започнаа своите настапи во конкуренција на најдобрите од националните натпреварувања. Првиот резултат за Македонија стигна во трката на 60 метри во категоријата момчиња родени 2017 година. Наум Насковски го освои третото место и се закити со бронзен медал. Победник беше Исмаил Фекиќ од Србија, пред сонародникот Петар Петровиќ. Во тениската конкуренција, во моментов меѓу најдобрите три нема македонски претставник, додека во мал фудбал победник е…

Read More

Денеска беше претставена делегацијата која од 21 август до 3 септември ќе ги брани македонските бои на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Со 130 членови од кои 88 спортисти, тоа ќе биде досега најбројна наша делегација на Медитеранските игри. Македонските спортисти во Таранто ќе настапат во опрема на ЈОМА. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски им пожела многу успех на нашите спортисти и потенцираше дека МОК им овозможи добри подготовки, лигистика и нова опрема со која ќе настапат на Медитеранските игри.

Read More

Филмовите „Патот на Кобрата до ѕвездите“, во режија на Радован Максимовиќ – Макса од Белград, Србија, направен за легендарниот фудбалер Дарко Панчев, и „Булеварот на Ивица Осим“ (режисер Мухамед Бикиќ од Сараево, Босна и Херцеговина) ја добија “Гранд При“ наградата “Драган Пантелиќ – Панта“ за најдобар спортски филм на престижниот шести Меѓународен фестивал за документарни филмови – „Сити Фест 2026“. Овој мошне квалитетен филмски фестивал се одржа под Покровителство на Општина Нишка Бања, од 7 до 9 август во Нишка Бања, крај Ниш, во Србија. Филмот „Патот на Кобрата до ѕвездите“ е во копродукција на три врвни, повеќедецениски специјализирани спортски,…

Read More

Според најновите извештаи, Јувентус и Болоња постигнале договор за трансфер на фудбалерот Џон Лукуми и тоа за околу 20 милиони евра, тврдат медиумите на Апенините. Колумбискиот интернационалец ги договорил личните услови со „старата дама“ и ќе инкасира 2,5 милиони евра по сезона плус задолжителни бонуси. Иако неговата клаузула за ослободување беше 28 милиони евра, екипата на Болоња се согласила да прифати пониска понуда.

Read More

Фудбалерот, Кристофер Нкунку, може да биде ставен на трансфер-листата на Милан заедно со Фикајо Томори, Давид Одогу, Первис Еступињан, Филипо Терачано, Јусуф Фофана и Сантијаго Хименез. Тој пристигна во Италија во изминатото лето од екипата на Челзи за 37 милиони евра но, не ги оправда очекувањата на челниците на тимот. Французинот во 37 настапи за „росонерите“ во сите конкуренции постигна осум голови и запиша три асистенции.

Read More

Тоа што беше најавено доби и реализација. Србија, Македонија и Словенија поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. „Верувам дека сите три федерации со своето богато искуство, капацитети и ракометна традиција, ги имаат сите предуслови успешно да организираат Европско првенство на највисоко ниво“ – рече првиот човек на мак-ракометот, Александар Стефанов. „ За нас, кандидатурата е можност за уште еден голем исчекор и потврда дека имаме капацитет да бидеме дел од организацијата на најголемите европски ракометни настани“ – нагласи Стефанов.

Read More

Ферари за трката во Италија во Монца во почетокот на септември очекува да додаде најмалку 15 коњски сили на погонскиот дел со втората надградба на „ADUO“. Првата таква надградба беше на трката  за Големата награда на Австрија кога Скудерија го претстави ажурираниот мотор со внатрешно согорување. Во Монца, промените ќе се фокусираат на турбо-полначот кој е добро познат како еден од главните недостатоци во Ферари.

Read More

Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, проговори за случувањата во австрискиот клуб во продолжението на сезоната во Формула 1. „Да бидам искрен, годинава возам на високо ниво, дефинитивно подобро од минатата. Тоа е нормално бидејќи ова ми е втора сезона. Сè уште не сум многу искусен но, се подобрувам“ – рече Хаџар. „Мислам дека моето темпо во еден круг е многу добро. На тоа се фокусирам и на тоа работам“ – објасни Хаџар.

Read More
NBA

Ветеранот во кошаркарскиот состав Далас Маверикс, Клеј Томпсон, ја коментираше веста за пензионирањето на Расел Вестбрук. „Му оддавам почит на Рас за завршувањето на кариерата. Кога слушнав за тоа, бев малку трогнат. На крајот на краиштата, имавме толку многу одлични натпревари.“ – рече Томпсон. „Тој е еден од најголемите играчи на нашата генерација. Тоа е посебен момент“ – сподели поранешниот играч на Голден Стејт Вориорс.

Read More