Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија прв пат е дел од завршницата на Плазма Спортските игри за млади – Спортско радио 90,3 од лице место во Сплит
    Домашен микс

    Македонија прв пат е дел од завршницата на Плазма Спортските игри за млади – Спортско радио 90,3 од лице место во Сплит

    dinoBy dino18/08/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во Сплит започна меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите а Македонија годинава за првпат е дел од големото меѓународно финале.

    На завршницата учествуваат 1.224 млади спортисти од шест земји, а македонските претставници ги започнаа своите настапи во конкуренција на најдобрите од националните натпреварувања.

    Првиот резултат за Македонија стигна во трката на 60 метри во категоријата момчиња родени 2017 година. Наум Насковски го освои третото место и се закити со бронзен медал. Победник беше Исмаил Фекиќ од Србија, пред сонародникот Петар Петровиќ.

    Во тениската конкуренција, во моментов меѓу најдобрите три нема македонски претставник, додека во мал фудбал победник е екипата Бандитоси од Србија, пред Задарнова од Хрватска и Лимачи од Босна и Херцеговина.

    Во одбојка, во машка конкуренција триумфираше Црњански од Србија, пред Ретфала од Хрватска и Жужемберк од Словенија. Кај девојките најдобар беше Витал од Словенија, пред „Сенфови“ од Хрватска и Вележ од БиХ.

    Во ракометниот турнир за момчиња првото место го освои Металопластика од Србија, пред Метковиќ од Хрватска и Свис Иванчна Горица од Словенија. Кај девојките победник е Криваја од Босна и Херцеговина, пред ЖРК Метковиќ од Хрватска и „Грације од Дунава“ од Србија.

    Ова е само почетокот на големата меѓународна завршница во Сплит. Спортско Радио 90.3 и порталот – Дерби, имаат свои новинари во Сплит и во живо од лице место, го следат настанот и продолжуваат да ги следат македонските учесници а во следните известувања ќе ги имаме резултатите, настапите и најинтересните моменти од финалето.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.