Тоа што беше најавено доби и реализација. Србија, Македонија и Словенија поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034.
„Верувам дека сите три федерации со своето богато искуство, капацитети и ракометна традиција, ги имаат сите предуслови успешно да организираат Европско првенство на највисоко ниво“ – рече првиот човек на мак-ракометот, Александар Стефанов.
„ За нас, кандидатурата е можност за уште еден голем исчекор и потврда дека имаме капацитет да бидеме дел од организацијата на најголемите европски ракометни настани“ – нагласи Стефанов.

