Фудбалерот на Баерн Минхен, Жоао Палинга, веројатно ќе добие понуда да се пресели во екипата на Астон Вила, најавија денеска дел од медиумите во Англија. Според „Скај Спортс“, Баварците сакаат да го продадат фудбалерот и не се расположени да преговараат за евентуална позајмица. Германскиот елитен состав го купи Палинга од екипата на Фулам во летото во 2024 година за повеќе од 50 милиони евра.
Author: dino
Раул Фернандез ја обезбеди втората победа во Мото ГП и тоа на патеката – „Силверстон“ за Големата награда на Велика Британија. Триумфот на Шпанецот дојде само неколку дена откако го продолжи договорот со тимот на „Trackhouse Racing“ за уште две години. Второто место го обезбеди неговиот сонародник Хорхе Мартин а третото Марко Бецеки од Италија. Во генералниот пласман води Мартин со 220 бодови пред Јапонецот Огура кој има 203 додека Бецеки го држи третото место со 193 бодови.
Македонија, Србија и Словенија, ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на Европското првенство во ракомет во сениорска конкуренција за мажи. Тоа го потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ. „Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме. Пред официјално да ја објавиме заедничката кандидатура, потребна ни е согласност“ – рече Ѓурковиќ.Договорот е Европското првенство да се игра во три држави во секоја да има по две групи а Србија да биде домаќин на финалниот викенд
Младата ракометна репрезентација на Македонија од 18 години, забележа нова победа на Европскиот шампионат во Србија. Во првиот меч на стартот на разигрување за пласман од 9 до 16 место, македонските кадети славеа против Фарските острови со 34-32. Избраниците на селекторот, Кузмановски, главно ја контролираа играта и сосема заслужено дојдоа до значајна победа. Со неа, Македонија си обезбеди место на наредното Светско првенство.
Нашиот атлетичар, Брајан Авија, ќе настапи на Светското првенство за младинци под 20 години што ќе биде реализирано деновиве во Орегон, САД. Тој ќе се појави на 7 август во квалификациите во скок во далечина. Авиа неодамна постави нов младински национален рекорд откако на Балканското првенство во Крајова, Романија имаше резултат од 7,15 метри, подобрувајќи го сопствениот рекорд за четири сантиметри. Македонскиот атлетичар годинава го освои и третото место на Европскиот Челинџер шампионат во Монако.
Пелистер го официјализирашe трансферот на Камрон Мекдауел, американски бек шутер кој има 23 години и висок е 196 сантиметри. МекДауел беше дел од драфтот во НБА лигата во 2025 година, но се врати во универзитетската кошарка. Битолчани претходно обезбедија уште еден играч од САД. Тоа е Алонзо Денинг кој има македонско потекло и настапува на позицијата крилен центар.
Екипата на Интер може да го врати фудбалерот, Иван Перишиќ, кој го носи дресот на ПСВ Ајнтховен, објавија дел од медиумите во Италија. Трансферот изгледаше блиску до реализација во изминатат зима но, холандскиот состав не сакаше да го пушти и постави обештетување од неколку милиони евра. Хрватскиот репрезентативец во неколку наврати изјави дека сака да се врати во Милано. Перишиќ има договор до летото во 2027 година.
Дубаи се обидува да постигне договор со Олимпијакос за трансфер на кошаркарот, Томас Волкап, најавува „БеБаскет“. Наводно, клубот упатил нова понуда до грчкиот тим вредна приближно 1 милион долари. Поентерот, Џастин Андерсон, исто така може да биде вклучен во договорот. Волкап игра за Олимпијакос од 2021 година. Тој освои неколку титули во грчкото првенство и во купот а победи и во Евролигата во претходната сезона.
Прославената алпска скијачка, Лара Гут-Бехрами, потврди дека се повлекува од професионалниот спорт. „И покрај речиси 20 години поминати во елитниот спорт и покрај падовите и повредите, немам хронични болки и не сакам да имам“, изјави олимписката и двократна светска шампионка. 35-годишната ветеранка кон крајот на изминатиот ноември падна за време на тренингот во супер-велеслалом на Копер Маунтин и претрпе сериозна повреда на коленото.
Лони Вокер потпиша едногодишен договор од 3,3 милиони долари со НБА тимот, Денвер Нагетс, тврдат медиумите во САД. 27-годишниот кошаркар се враќа во најсилната светска конкуренција по една сезона помината во израелскиот Макаби Тел Авив. Бекот пред да дојде на Стариот континент играше за Филаделфија, Бруклин, Лејкерси и Сан Антонио. Во сезоната 2024-25, Вокер одигра 20 натпревари за Сиксерси, постигнувајќи просек од 12,4 поени, 3,2 скока и 2,5 асистенции.
