Нашиот атлетичар, Брајан Авија, ќе настапи на Светското првенство за младинци под 20 години што ќе биде реализирано деновиве во Орегон, САД.
Тој ќе се појави на 7 август во квалификациите во скок во далечина. Авиа неодамна постави нов младински национален рекорд откако на Балканското првенство во Крајова, Романија имаше резултат од 7,15 метри, подобрувајќи го сопствениот рекорд за четири сантиметри.
Македонскиот атлетичар годинава го освои и третото место на Европскиот Челинџер шампионат во Монако.

