Author: dino

Голманот на Парма, Зион Сузуки, прифатил да се пресели во редовите на европскиот шампион – ПСЖ. Според одредени извори, италијанскиот тим бара 40 милиони евра за играчот вклучувајќи ги и бонусите. Претходно беше објавено дека францускиот гигант испратил понуда од 33 милиони евра за потписот на Сузуки. Јапонскиот интернационалец игра за Парма од 2024 година. Тој има 57 натпревари во Серија А.

Read More

Јувентус наводно дал понуда од 17 милиони евра за централниот дефанзивец на Болоња, Јон Лукуми. „Старата дама“ која пристигна во Хонг Конг за летната турнеја низ Југоисточна Азија, се надева дека ќе обезбеди повеќе засилувања во одбраната. Според „Калчомеркато“, Јувентус испратил понуда од 17 милиони евра за колумбискиот централен дефанзивец.

Read More

Тотенхем планира да го ангажира холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо откако челниците на Ливерпул потврдиле сека се подготвени да го продадат. „Спарси“ наводно планираат да платат 47 милиони фунти за играчот од средниот ред иако сè уште не испратиле официјална понуда. Лондонскиот клуб воедно e заинтересиран и за потписот на крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Савињо.

Read More

Турскиот Фенербахче подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се врати на „Олд Трафорд“ по едногодишна позајмица во Барселона. Екипата од  Истанбул сака да ја искористи шансата откако каталонскиот клуб не ја активираше опцијата за целосен откуп на англискиот репрезентативец. Фенербахче стапил во контакт со агентите на 28-годишниот фудбалер за да ги дознае неговите лични барања.

Read More

Реал Мадрид му понуди на бразилскиот фудбалер, Винисиус Жуниор, нов договор вреден 22 милиони евра по сезона иако 26-годишникот сака околу 30 милиони. Напаѓачот го облече дресот на „кралевите“ во летото во 2018 година. Неговата тековна соработка е валидна до 2027 година а неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 140 милиони евра. Винисиус во претходната сезона имаше 53 настапи во сите конкуренции со ефект од 22 гола и 14 асистенции. 

Read More
NBA

Познатиот НБА играч и тренер, Бајрон Скот, објасни зошто Леброн Џејмс не се врати во екипата на Кливленд. „Доколку Харден не беше во Кливленд , Леброн повторно ќе се вратеше таму. Иако, секако, се верува дека Џејмс не е добар избор ниту со Донован Мичел“ – рече Скот. „Нема тим во кој Леброн не би се вклопил. Тој никогаш не бил себичен играч. Напротив, беше критикуван бидејќи не го изведува победничкиот шут“ -нагласи Скот.

Read More

Репрезентацијата на Шпанија го освои победничкиот пехар на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.„Фуријата“ во финалето ја совлада селекцијата на Аргентина со 1-0 со голот на Феран Торес постигнат во 106 минута откако во регуларниот дел мечот заврши 0-0.Ден претходно Англија го освои третото место по триумфот против Франција со 6-4.

Read More

Главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, нема да ја запре истрагата за практиките за продажба на билети на ФИФА и на Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација. Таа изјави дека заедно со нејзината колешка од Њујорк, Летиција Џејмс, ќе продолжат со истрагата околу процесот на продажбата на влезниците за стадионот – „МетЛајф“ на тековниот Мундијал. Во прашање се осум натпревари меѓу кои влегува и утрешното финале меѓу Шпанија и Аргентина.

Read More

Мексиканската претседателка, Клаудија Шајнбаум, изненадувачки најави дека ќе биде присутна на финалето на Светското првенство на покана на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа нагласи дека и Марк Карни, премиерот на Канада или една од земјите домаќини на СП, исто така ќе биде таму. Шпанскиот крал Фелипе VI, кралицата Летиција, крунската принцеза Леонор исто така ќе бидат таму за да го бодрат својот тим. Аргентинскиот претседател Хавиер Милај, нема да присуствува поради суеверие. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради професионални обврски нема присуствува на финалето на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Read More

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, оцени дека Светското првенство во САД, Канада и Мексико ја исполни мисијата да ги зближи луѓето од сите страни на светот. „Слушаме дека живееме во поделен и агресивен свет, дека има толку многу работи што нè делат, што ни предизвикуваат проблеми. Но, исто така знаеме дека Мундијалот покажа дека има многу повеќе работи што нè обединуваат отколку што нè делат“ – рече Инфантино. „Видовме милиони луѓе како се собираат во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Луѓето се собираат и низ целиот свет да поминуваат време заедно. Тоа е најсилната порака“ – потенцираше Инфантино.

Read More