Демаркус Казинс ја коментираше ситуацијата со кошаркарот, Леброн Џејмс, кој го напушти составот на ЛА Лејкерс. „Ако Леброн оди во Филаделфија или Минесота, иако не верувам во втората опција, ќе биде многу интересно. Искрено, не ми се допадна начинот на кој се однесуваа со него во Лос Анџелес. Сега е такво време што не можеш ни да зборуваш за него“ – рече Казинс. „Во последно време, кошаркарските легенди не си заминуваат со достоинството што го заслужуваат. Кармело [Ентони]. Третманот кон Крис Пол. Лејкерси се однесуваат како тој да не е Леброн Џејмс– рече Казинс.
Author: dino
НБА планира средби со инвеститори за Европската лига, информираше за напредокот на проектот за Европската лига, Адам Силвер. Според највата, Комесарот ќе се сретне со неколку инвестициски групи на крајот од Светското првенство. „Добивме огромно внимание од многу градови од кои не побаравме апликации. Го дискутиравме процесот во одборот на гувернери и ги финализираме апликациите од градовите во почетната програма“, заклучи Силвер.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше емоциите по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. „Пресреќен сум. Чувството не може да се опише. Воодушевен сум за играчите и за сите Аргентинци. Веројатно дури и не сме свесни за сè што направивме досега. Одиме понатаму“ – рече селекторот на „гаучосите“. Аргентина в недела во финалето против Шпанија ќе се обиде да ја одбрани титулата и по четврти пат да стане светски првак.
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина. „Се обидовме да издржиме, но, не успеавме. Мислев дека сме подготвени да одиме до крај. Навистина верувавме во тоа. Повторно бевме блиску но, постојано ни недостасува нешто“ – рече Кејн. Англичаните немаат учество во финале од далечната 1966 година кога ја освоија и светската титула.
Првата ѕвезда на Аргентина, Лео Меси, по трумфот против Англија и пласманот во финалето не ги криеше емоциите. „Овој тим заедно може да постигне сè. Овие играчи заедно… ова е нешто навистина посебно. Иако беше фудбалски натпревар, од моментот кога се свиреше националната химна, доживеавме нешто посебно“ – вели Меси. „Светсково првенство беше апсолутно лудо – неверојатно е што повторно стигнавме до финалет. Во последните четири години бевме најдобриот тим на светот, без разлика дали им се допаѓа на луѓето или не“ – изјави Меси.
Француската фудбалска репрезентација повторно беше предмет на расистички навреди. Сега од страна на поранешниот шпански премиер, Маријано Рахој и тоа пред утрешното полуфинале меѓу „Галските петли“ и „Фуријата“. Рахој го опиша тимот на Дидие Дешан како „тим на многу високо ниво, да, без Французи“ – зборови што беа гледани како расистички и ксенофобични и од шпанската и од француската влада. Веднаш реагираше француската амбасада во Мадрид, која прецизираше дека „сите играчи во француската репрезентација се Французи“, истакнувајќи дека 23 од 26-те повикани играчи се родени во Франција додека другите имаат и француско државјанство.
Иван Бартон од ЕЛ Салвадор ќе го суди утрешното полуфинале на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија. Тој го привлече вниманието кога го исклучи Парагвајецот, Мигел Алмирон, поради покривање на устата на натпреварот против Турција во групната фаза со што за прв пат на Мундијалот беше искористено новото правило во светскиот фудбал. 35-годишниот Салвадорец има солидно искуство на највисоко ниво со 280 натпревари вклучувајќи и неколку финалиња на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.
Екипата на Пролет соопшти дека се повлекува од Супер-лигата откако остана без главниот спонзор. – Почитувани пријатели на ракометот, навивачи, партнери и спортска јавност, Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но одговорна одлука да се повлечеме од натпреварувањето во Супер лигата за претстојната сезона“ – стои во објавата. -Пролет 62 останува посветен на развојот на младите ракометари и продолжување на традицијата која клубот ја гради 64 години. Клубот ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига“- објави РК Пролет.
Александар Секулиќ ќе биде нов тренер на кошаркарите на Барселона, наведуваат денеска дел од медиумите низ Европа.48-годишниот специјалист му се приклучува на шпанскиот тим откако ја освои Јадранската лига со екипата на Дубаи. Тој работеше во Локомотив Кубан и Зенит. Од 2020 година ја предводи словенечката репрезентација. Каталонците преговараа и со Паоло Галбиати и Јанис Сферопулос.
Стефан Бонди од „Њујорк пост“, објави дека Расел Вестбрук, е кандидат да се приклучи на Мајами, но само ако Леброн не потпише со „Хит“. Двајцата беа соиграчи во Лејкерси, но тоа беше разочарувачка сезона. 37-годишниот плејмејкер играше за „Кингс“ постигнувајќи просек од 15,2 поени. Во меѓувреме, за Џејмс се сериозно заинтересирани екипите на Кливленд и Филаделфија.
