Француската фудбалска репрезентација повторно беше предмет на расистички навреди. Сега од страна на поранешниот шпански премиер, Маријано Рахој и тоа пред утрешното полуфинале меѓу „Галските петли“ и „Фуријата“.
Рахој го опиша тимот на Дидие Дешан како „тим на многу високо ниво, да, без Французи“ – зборови што беа гледани како расистички и ксенофобични и од шпанската и од француската влада.
Веднаш реагираше француската амбасада во Мадрид, која прецизираше дека „сите играчи во француската репрезентација се Французи“, истакнувајќи дека 23 од 26-те повикани играчи се родени во Франција додека другите имаат и француско државјанство.

