Демаркус Казинс ја коментираше ситуацијата со кошаркарот, Леброн Џејмс, кој го напушти составот на ЛА Лејкерс.
„Ако Леброн оди во Филаделфија или Минесота, иако не верувам во втората опција, ќе биде многу интересно. Искрено, не ми се допадна начинот на кој се однесуваа со него во Лос Анџелес. Сега е такво време што не можеш ни да зборуваш за него“ – рече Казинс.
„Во последно време, кошаркарските легенди не си заминуваат со достоинството што го заслужуваат. Кармело [Ентони]. Третманот кон Крис Пол. Лејкерси се однесуваат како тој да не е Леброн Џејмс– рече Казинс.

