Бернардо Силва проговори за испаѓањето на Португалија од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Разочарувачки Светско првенство и голема тага што заврши толку порано отколку што сите замислувавме“ – рече Португалецот.„Отсекогаш било и ќе биде голема гордост да ја претставуваме нашата репрезентација. Ви благодариме на сите Португалци за поддршката што ни ја дадовте“, напиша Силва.
Author: dino
Диего Форлан е новиот привремен селектор на репрезентацијата на Уругвај. Тој го наследува Марсело Биелса, кој ја напушти функцијата по неуспехот на Мундијалот. Веста ја потврди Игнасио Алонсо, претседател на Уругвајската фудбалска асоцијација, кој откри дека поранешниот напаѓач ќе остане на чело на тимот до март во 2027 година. Одлуката за времено назначување на Форлан е поврзана со претстојните избори во локалната федерација.
Хакери од Египет ги нападнале официјалните сметки на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), објавува порталот – „mdzol.com“. Изворот посочи дека хакерите успеале да добијат пристап до дел од базата на податоци на асоцијацијата, вклучувајќи е-пошта и „IP“ адреси, како и лозинки. По нападот, неколку новинари акредитирани преку АФА добија е-пошта испратена од сметка идентификувана како AFA Medios. Аргентинската фудбалска асоцијација соопшти дека истражува неовластен пристап до нејзините системи и ги замоли новинарите да ги игнорираат сите сомнителни е-пораки.
Мајами во изминатата ноќ беше погоден од силна тропска бура која предизвика загриженост околу дуелот Англија-Норвешка во четвртфиналето на Мундијалот. Локалните хотели останаа без струја поради тешките услови, паднати дрвја и други сериозни штети. Временската прогноза за Мајами предвидува мешавина од сонце и облаци, со можни грмотевици попладне, што би можело да влијае на натпреварот меѓу „Гордиот Албион“ и Скандинавците. Ќе потсетиме дека според правилата на ФИФА, играта мора да биде прекината 30 минути ако удри гром во рамките на околу 13 километри од стадионот.
Селекторот на фудбалерите на Аргентина, Лионел Скалони, на задолжителната средба со новинарите пред мечот со Швајцарија, посочи, дека размислува да започне со истиот состав кој истрча против Египет. „Не е исклучено да направам промена но, ќе биде слично на тоа што го видовме на последниот натпревар“ – рече аргентинскиот селектор. „Постои кампања, некои луѓе велат дека сме фаворизирани многу долго време. Денес, со ВАР, е многу тешко некој да ви помогне“ – рече Скалони.
Селекторот на фудбалерите на Англија, Томас Тухел, се насочи кон денешниот меч со Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Искусниот стратег од Германија, потенцираше дека Скандинавците покажале квалитет и дека сосема заслужено се наоѓаат во сегашнава фаза од Мундијалот. „Сега доаѓа возбудливиот дел. Мора да се опуштиме, да се поврземе со нашиот идентитет и да бидеме проактивни и храбри“ – вели Тухел. „Ова е четвртфинале и храбрите ќе имаат среќа. Мораме да се насочиме кон нашиот квалитет“ – изјави Тухел.
26-годишниот американски бек Брендан Адамс (193 см) може да ја продолжи кариерата во руската лига. Toj наводно преговара со екипата на УНИКС Казан. Кошаркарот играше две сезони во ВТБ лигата за Самара и Парма. Минатата сезона имаше просек од 15,1 поен, 5,8 асистенции, 2,8 скока и 1,1 украдена топка, шутирајќи 49,6% од дистанца за два поени, 36,6% од дистанца за три поени и 84,6% од слободни фрлања. Адамс играше на Ол-стар натпреварот во тамошната лига.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрежесус, ги осуди нападите на парагвајската сенаторка, Селесте Амарила, врз капитенот на Франција, Килијан Мбапе. „Каква срамота! Расизмот не е шега, не е карактерна црта, ниту изговор базиран на „од каде доаѓам“. Тоа е кршење на основното човеково достоинство“ – рече Тедрос. „Јавните личности, особено избраните функционери, имаат посебна одговорност да ја отфрлат омразата, наместо да ја рационализираат. Мбапе заслужува извинување, како и сите други кои биле жртви на вакви напади. Човечкото достоинство е обврска“, напиша Гебрежесус.
Претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, ја коментираше работата на судиите на осминафиналниот натпревар Аргентина- Египет. „По секој гол, „VAR“ ја проверува напаѓачката фаза на поседување на топката. Доколку за време на нападот се открие фаул кој, според мислењето на „VAR“, придонел за постигнување на голот, системот препорачува видео преглед“ – рече Колина. „Нема утврдени ограничувања за растојанието од голот или времето помеѓу инцидентот и голот. Секогаш ќе има елемент на субјективност во некои одлуки, но, задоволни сме од начинот на кој принципот беше применет во текот на целиот турнир“ – рече Колина.
Англискиот играч од средниот ред, Морган Роџерс, ги сподели своите мисли за Ерлинг Халанд пред натпреварот против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство во 2026 година. „Норвешката репрезентација има еден од најдобрите напаѓачи во светот. Кога тој е на теренот, сè може да се случи“ – вели Роџерс. „Никогаш немојте да се изненадите ако Ерлинг постигне два гола и неговиот тим победи. Едноставно е неверојатно колку е добар и какви статистики постигнува“ – рече играчот на „Гордиот Албион“.
