Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1. На победничкиот подиум покрај Леклер се искачија и Џорџ Расел од Мерцедес и членот на Ферари, Луис Хамилтон. Актуелниот светски шампион Ландо Норис заврши на четвртата позиција додека петтото место му припадна на Исак Хаџар. Бодови на Силверстон освоија и Лијам Лосон, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето, Франко Колапинто и Пјер Гасли.
Author: dino
Нашиот тенисер, Калин Ивановски, го победи Владислав Орлов со 2-1 во сетови ( 6-1, 0-6 и 6-2) и го освои победничкиот пехар на Отвореното првенство на Македонија.Ивановски одигра одлично во првиот и третиот сет додека Украинецот се наметна во вториот и успеа да го добие изненадувачки со максимални 6-0.Триумфот на Ивановски ја потврди доминацијата на нашите тенисери откако вчера титулата во конкуренција на двојки ја обезбедија Обрад Марковски и Горзад Србљак.
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, се осврна на победата против Парагвај и пласманот во 1/4 финалето на тековниот Мундијал. „Знаеме да играме и валкан фудбал. Мислеа дека ќе излеземе на терен во одела и ќе играме господски но, бевме подготвени. Се обидоа така да нè победат но, на крајот ние славевме“ – рече напаѓачот на „Галските петли“. Мбапе сега има 19 голови на Светските првенства или само еден помалку од Аргентинецот, Лионел Меси.
Мохамед Ваби, селекторот на Мароко, потенцира дека неговиот состав сосема заслужено ја совлада Канада со 3-0 и си обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство. „Во првото полувреме имавме многу грешки но, на светско првенство сите мечеви се тешки“ – потенцираше селекторот на африканскиот состав. „Во вториот дел одигравме многу подобро. Максимално го искористивме празниот простор што го оставија“ – рече Ваби.
Првиот голгетер на Шпанија на тековниот Мундијал, Микел Ојарзабал, пред мечот со Португалија вели дека фокусот ќе му биде кон дефанзивците на противникот и дека не го интересира играта на Кристијано Роналдо. „Не треба да се фокусираме само на него. Ако треба да размислувам за одредени играчи, тоа би биле дефанзивците бидејќи ќе се соочам со нив“ – рече напаѓачот кој одговори и на прашањето за најдобра „деветка“ на Мундијалот. „Не би го нарекол Лионел Меси „девет“ но, сепак би го посочил. Мислам дека има и други играчи на високо ниво“ – рече напаѓачот на „Црвената Фурија“.
Бразил и Норвешка вечер од 22.00 часот на стадионот –„МетЛајф“, ќе се соочат во еден од најинтересните натпревари од осминафиналето на фудбалскиот Мундијал. Бразилците беа први во групата со Мароко, Хаити и Шкотска а во елиминациите ја совладаа Јапонија со комплетен пресврт. Норвешка го обезбеди второто место во групата со Ирак, Сенегал и Франција. Потоа во 1/ 16 финалето ја совлада селекцијата на Брегот на Слоновата Коска. Двете земји се сретнале четри пати. Скандинавците имаат две победи а два меча завршиле нерешено.
Познатиот инсајдер, Фабрицио Романо, објави дека легендарниот тренрер, Јирген Клоп сигурно ќе го преземе кормилото во германската фудбалска репрезентација. 59-годишниот поранешен менаџер на Ливерпул ќе го наследи Јулијан Нагелсман кој по елиминацијата од Мундијалот во САД, Канада и Мексико си замина од позицијата. Клоп до 2024 година беше на кормилото на „црвените“ по што се активираше во менаџерскиот тим на компанијата – Ред Бул. Тој никогаш не водел репрезентација.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во финалето на Macedonian Open турнирот кој се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје. Во денешното драматично полуфинале, Ивановски беше подобар од седмиот носител на турнирот, Бугаринот Јанаки Милев со 2:1 (6:4, 2:6, 7:5). Во финалето, Ивановски ќе игра со победникот од дуелот меѓу Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија.
Сениорската репрезентација на Македонија веќе е во Луксембург, каде попладнево ќе го одржи и првиот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар против домашната селекција, последен во првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. По убедливата победа над Ирска (77:56), со која го обезбедивме првото место во групата „А“ и пласман во следната рунда од квалификацискиот циклус, селекторот Жозеп Марија Берокал направи три промени во составот. На позицијата натурализиран кошаркар, на местото на Ди-Џеј Стјуард, во ростерот за гостувањето во Луксембург е Нејт Сестина. По успешно одработениот најголем дел од подготовките со националниот тим, Сестина е подготвен за својот…
Дефанзивниот играч за врска, Орелиен Чуамени, нема да ѝ помогне на Франција на натпреварот против Парагвај во 1/8-финалето на Светското првенство вечерва. 26-годишниот Французин нема а излезе на теренот на стадионот „Филаделфија“ во САД. Отсуството на играчот поради болки во колкот моментално се проценува на пауза од околу четири дена, па затоа би можел да се врати на теренот за следната рунда доколку тимот на Дидие Дешан обезбеди четвртфинале. Централниот играч за врска Ману Коне ќе го замени Чуамени во почетниот состав за натпреварот против Парагвај.
