Нашиот тенисер, Калин Ивановски, го победи Владислав Орлов со 2-1 во сетови ( 6-1, 0-6 и 6-2) и го освои победничкиот пехар на Отвореното првенство на Македонија.
Ивановски одигра одлично во првиот и третиот сет додека Украинецот се наметна во вториот и успеа да го добие изненадувачки со максимални 6-0.
Триумфот на Ивановски ја потврди доминацијата на нашите тенисери откако вчера титулата во конкуренција на двојки ја обезбедија Обрад Марковски и Горзад Србљак.

