Познатиот инсајдер, Фабрицио Романо, објави дека легендарниот тренрер, Јирген Клоп сигурно ќе го преземе кормилото во германската фудбалска репрезентација.
59-годишниот поранешен менаџер на Ливерпул ќе го наследи Јулијан Нагелсман кој по елиминацијата од Мундијалот во САД, Канада и Мексико си замина од позицијата.
Клоп до 2024 година беше на кормилото на „црвените“ по што се активираше во менаџерскиот тим на компанијата – Ред Бул. Тој никогаш не водел репрезентација.

