Author: dino

Траги од забранета супстанца се пронајдени во допинг тестовите на осум играчи од фудбалската репрезентација на Тунис на Светското првенство во 2026 година, објавува „Дејли меил“. Според изворот, станува збор за кленбутерол, лек кој ги шири дишните патишта и е на листата на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (WADA). Можно е да влегол во телото по консумирање контаминирано месо за време на престојот на туниската репрезентација на тренинг база во Мексико. Клубовите на играчите веќе се информирани за ситуацијата. Репрезентацијата на Тунис беше елиминирана од Светското првенство во 2026 година по групната фаза. По првиот натпревар од турнирот, фудбалската…

Read More

Играчот од средниот ред на Германија и Баерн Минхен, Џамал ​​Мусијала, им се обрати на навивачите по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство во 2026 година. Во осминафиналето, Германија загуби од Парагвај со 1-1 (3-4 на пенали). Играчот од средниот ред играше во секој од четирите натпревари на тимот на турнирот и имаше една асистенција. „Сите сакавме повеќе од овој турнир – многу повеќе. Тоа секако важи и за мене. Дури и по неколку дена, сè уште ми е тешко да размислувам за нешто друго или да ги напишам овие зборови. Видовме колку многу навивачи нè поддржуваа. Поддршката на…

Read More

Дресот на францускиот крилен напаѓач Мајкл Олисе е најпродаваниот од дресовите на националните тимови на Светското првенство. Побарувачката за дресови со неговото име драстично се зголеми по неговите импресивни настапи на турнирот. Трговците на мало се борат да го следат обемот на нарачки, што доведува до недостиг на дресови кај официјалните продавници. Француската репрезентација моментално е во Филаделфија, САД, подготвувајќи се за натпреварот од осминафиналето против Парагвај, кое се игра вечерва.

Read More

19-годишниот репрезентативец на Бразил, Ендрик, верува дека селекторот, Карло Анчелоти, секогаш размислува за доброто на тимот и дека никој нема привилегии да игра од првата минута. „Тој нема да го прави тоа што е најдобро за мене, туку тоа што е најдобро за тимот. Не се плаши да донесува тешки одлуки, го прави тоа што мисли дека е коректно и работите се случуваат. Како Бог да го гледа“ – рече Ендрик. „Кога тренерот ќе ми каже да направам нешто, нема да се осврнам назад, само ќе го правам тоа што тој го сака“ – додаде бразилскиот фудбалер кој имаше скромна…

Read More

Голманот на Шпанија, Унаи Симон, го надмина рекордот од 476 минути без примен гол што го држеше легендарниот, Икер Касиљас од Светските првенства во 2010 и 2014 година. Тој е сега со најдолга серија без примен гол на Светско првенство во дресот на „Фуријата“. Симон воедно стана и рекордер на Мундијалите откако дојде до 519 минути без погодок во неговата мрежа.Шпанецот го надмина светското достигнување од 517 минути поставено од Валтер Зенга на Светското првенство во 1990 година. Италијанецот го држеше рекордот цели 36 години.

Read More

37-годишниот напаѓач, Марко Арнаутовиќ, потврди дека мечот против Шпанија му беше последен во репрезентативниот дрес. Тој заврши како најдобар стрелец на Австрија на сите времиња со 137 настапи и 49 голови. „За мене беше мојот последен натпревар со репрезентацијата. Моите натпревари за Австрија се најважни во мојата кариера. Среќен сум што имав можност да ја претставувам мојата земја тука на Светското првенство“ – рече Арнаутовиќ. „Честитки до Шпанија. Се обидовме со сè, но противникот беше исклучителен. Сепак, можеме да бидеме горди на постигнатото“ – рече Арнаутовиќ.

Read More

Младата ѕвезда на Шпанија, Јамине Ламал, не крие дека е задоволен од пласманот во 1/8 финалето на Мундијалот. Тимот од Пиринеите успеа лесно да ја елиминира Австрија и да си закаже пресметка со Португалија. „Многу сум среќен, излеговме со мислата дека сакаме да одиме во Далас и да играме во осминафиналето. Сега сум 100% подготвен за тоа што доаѓа. На Светското првенство ако изгубиш, си одиш дома“ – рече Јамал. „Нема ништо подобро од Светско првенство. Сакам да одам коло по коло и да ја исполнам мојата голема цел: да станам светски шампион со Шпанија“ – рече Ламал.

Read More

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ,  се осврна на поразот од Португалија и елиминацијата на „коцкестите“ од Мундијалот во САД, Канада и Мексико. „Ние имавме план во првото полувреме да го сочуваме нашиот гол но, блокот не требаше да биде толку ниско. Во второто полувреме создадовме многу шанси и на крајот не заслуживме ваков резултат“ – рече Далиќ. „Судењето беше многу лошо. Ниту еден фаул, ниту еден прекин во наша корист. Имавме прекрасни моменти но, дојде крај на една ера и време е за нов почеток“ – потенцираше Далиќ.

Read More

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, не ги криеше своите емоции откако тимот се квалификуваше во следната фаза од Светското првенство. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ призна дека успехот му е посветен на покојниот Диого Жота, чија смрт беше пред точно една година. „Чувството е навистина прекрасно бидејќи тоа беше наша почит кон него. Денот беше посебен бидејќи победивме и одиме напред на турнирот. Тоа го сакавме и му оддадовме почит на најдобар можен начин“, рече Роналдо.

Read More

Денеска на Плоштад „Расадник“ во Општина Кисела Вода беше отворено Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади. Најдобрите 580 деца од четирите региони во Македонија се натпреваруваа во десет спортски дисцплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка и одбојка на песок, атлетика, народна топка, пинг-понг, тенис и шах. Победниците (вкупно 204 деца) од првото издание на Плазма Спортските игри за млади ќе патуваат на меѓународната завршница, која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит. Таму нашите „симовци“ ќе имаат можност не само да се натпреваруваат, туку и да се дружат со своите врсници…

Read More