Репрезентативецот на Хрватска, Иван Перишиќ, одби да зборува на англиски на задолжителната прес-конференција пред денешниот меч со Гана во последното коло во групната фаза. Тој преку преведувач, посочи дека „коцкестите“ одиграле многу значајни мечеви во последниве години и дека се подготвени за предизвикот што ги очекува во Филаделфија. „Треба да го подигнеме нивото на нашата игра. Никогаш не сме направиле толку многу грешки во додавањата“ – вели Перишиќ
Author: dino
Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, дојде до историски достигнувања на мечот со Нов Зеланд. Тој го постигна шестиот гол на Мундијалите и сега е рекордер на земјата пред Марк Вилмотс кој има пет. Напаѓачот се изедначи на првото место на листата со Јан Келеманс (4 гола + 3 асистенции), Еден Азар (3 гола + 4 асистенции) и Кевин Де Брујн (3 гола + 4 асистенции). Лукаку на возраст од 34 години и 11 месеци стана највозрасниот стрелец во репрезентацијата. Голманот, Тибо Куртоа, стана рекордер по бројот на настапи. Тој има 18 -ет или еден повеќе од Енцо Шифо.
Селекторот на Узбекистан, Фабио Канаваро, се обидува да ги мотивира фудбалерите пред денешниот меч со ДР Конго во последното коло во групната фаза. Централноазискиот тим кој е во улога на дебитант, претрпе два пораза од Колумбија и Португалија и ги загуби шансите да прогресира во наредната рунда. „Против ДР Конго очекувам натпревар без притисок бидејќи претходно одигравме против две големи репрезентации“ – рече Канаваро кој е светски шампион со Италија од 2006 година.
Селекторот на фудбалерите на Англија, Томас Тухел, остана без десниот бек, Рајс Џејмс, кој претрпе повреда на тетивата и можеби ќе го пропушти остатокот од Мундијалот. Дефанзивецот сигурно нема да игра на денешниот натпревар со Панама во последното коло од групната фаза. „Гордиот Албион“ се надева дека Џејмс ќе успее да ја санира повредата и ќе се вклучи во финишот на првенството под услов Англија да стигне далеку.
Лина Ѓорческа избори пласман во третото и последно квалификациско коло за Вимблдон и е на само еден чекор до еден од најголемите успеси во кариерата. Македонката денеска славеше над португалската ривалка Франциска Жорге и тоа со пресврт во меч со три сета. Првиот сет помина со по два брејка на двете страни, но Португалката направи клучен трет бејк во дванаесеттиот гејм и наместо во тај-брејк, го испрати мечот во втор сет со посакувана предност. Сепак, тоа не ја разочара премногу Лина, која во вториот сет набрзина направи два брејка, подоцна и трет, па го затвори сетот со убедливи 6:2. Македонската…
Сениорската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди лидерската позиција и пласманот во главната квалификациска фаза. Нашиот национален тим полека се комплетира, а од вчера на подготовките во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје е и Андреј Јакимовски. Репрезентативното крило очекува тежок натпревар…
Репрезентацијата на Англија одигра без голови на мечот со Гана а капитенот на „Трите лава“, Хари Кејн, го престигна легендарниот, Дејвид Бекам, по бројот на одиграни натпревари.Тој започна во првата постава со што го забележа 116-от меч и се искачи на ранг-листата на сите времиња пред Бекам кој има 115. Во селекцијата на „Гордиот Албион“, лидер е Питер Шилтон (125) пред Вејн Руни со 120 мечеви.
Репрезентативецот на Парагвај, Мигел Алмирон, заработи казна од еден натпревар откако стана првиот играч исклучен поради покривање на устата додека разговараше со противнички играч. Тој го направи прекршокот обраќајќи се кон Мерт Мулдур на мечот против Турција одигран во изминатиот петок. Дисциплинската комисија на ФИФА ја потврди санкцијата за новото правило со што играчот на Парагвај ќе мора да го прескокне утрешниот меч со Австралија.
Знамињата на земјите како Саудиска Арабија и Ирак не се поставуваат на теренот пред натпреварите од Светското првенство бидејќи носат свет исламски текст. Досега огромните знамиња се поставуваа на земја во секоја половина од теренот додека фудбалерите се редат во близина за националните химни. Сепак, кога играат Саудиска Арабија и Ирак, знамињата на двата тима ќе се држат над земја почитувајќи го религиозното значење на исламските натписи што ги красат.
Кошаркарот на Денвер, Јонас Валанчиунас, може да го напушти НБА тимот и да се врати во Европа. Според одредени информации, литванскиот центар би можел да потпише двегодишен договор со Жалгирис. Играчот сега ќе чека дозвола од Денвер да ја промени средината. Кошаркарот има договор со Нагетси до 8 јули годинава.
