Во Нион денеска беше извршена ждрепката за главната рунда од квалификациите за Светското првенство во футсал во 2028 година. Македонската футсал репрезентација се најдево група со фаворитот Шпанија и селекцијата на Финска. 12-те квалификанти од прелиминарната рунда се приклучуија на 24-те селекции кои директно влегоа во главната рунда. Натпреварите од квалификациските групи ќе се играат дома и на гости меѓу декември 2026 и март 2027 година. 12-те победници на групите и четирите најдобри второпласирани ќе се квалификуваат во елитната рунда. Останатите осум второпласирани се квалификуваат за плејофот од главната рунда. До завршувањето на квалификациите во април 2028 година, седум европски…
Author: dino
Кармело Ентони се осврна на играта на центарот на Голден Стејт, Виктор Вембањама, во финалето со Њујорк во НБА лигата. „Вембањама премногу се потпираше на соиграчите во финалето. Доминацијата што ја покажа во серијата против Оклахома, особено во рекетот – никој не може да ја спореди“- рече Ентони. „Исто беше и во натпреварите против Никс, тој влезе во рекетот и играше агресивно. Мислам дека премногу им веруваше на соиграчите“ – рече Ентони.
Полицијата во Соединетите Американски Држави уапси неколку лица додека се играше мечот Англија-Хрватска. Три беа приведени под сомнение за прекршоци поврзани со дрога, едно е осомничено дека одело на детоксикација од алкохол а друго под сомнение за продажба на фалсификувана стока од брендирани имиња. Ниту еден од уапсените не е британски државјанин но, сите беа на натпреварот во англискиот дел од стадионот.
Иранската репрезентација ќе поднесе жалба до ФИФА поради строгите логистички и патни ограничувања на кои е подложена за време на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Американските власти воведоа исклучително строги политики и ограничувања за „персијските гепарди“. Tимот е принуден да престојува во камп во мексиканскиот пограничен град Тихуана и да патува во САД само 24 часа пред натпреварите. Веднаш по нив, експедицијата мора да ја напушти територијата.
Голманот на Германија, Мануел Нојер, потврди дека по Мундијалот ќе се повлече од националниот состав. „Овој турнир ќе ми биде последен со репрезентацијата, не планирам да играм на Европското првенство по две години“ – изјави Нојер кој дебитираше за „панцирите“ во јуни во 2009 година. Тој на мечот со Курасао во првото коло од групната фаза го израмни рекордот за најмногу настапи на еден голман на Мундијалите кој го држеше Французинот, Уго Лорис. Двајцата имаат по 20-ет.
Англискиот фудбалски состав Ливерпул е заинтересиран да го купи дефанзивецот на Холандија, Мики ван де Вен. „Црвените“ внимателно ја следат ситуацијата откако се појавија информации дека фудбалерот не е задоволен од состојбата во Тотенхем и сака да си замине од клубот. 25-годишниот играч има договор со „спарси“ до летото во 2029 година.
Неколку клучни играчи на Кливленд од сезоната 2015/16 се собраа во Лондон за да ја прослават 10-годишнината од освојувањето на една од најзначајните титули во историјата на НБА. Таму беа Леброн Џејмс, Кевин Лав, Ченинг Фрај, Џ.Р.Смит, Тристан Томпсон и Ричард Џеферсон. Тие беа дел од финалето кога Кавалирс иако губеа со 3-1 во пресметката со Голден Стејт, на крајот му ја донесоа првата титула на Кливленд во клупската историја.
Селекторот на Мексико, Хавиер Агире, беше задоволен од победата против Јужна Кореја во натпревар од групата „Б“ на Светското првенство. Неговите избраници со максимален ефект по две кола си обезбедија пласман во фазата на елиминации. „Секогаш е тешко да се биде 100% задоволен од резултатот. Против Јужна Кореја, покажавме многу повеќе трпение и упорност. Учевме од нашите грешки и останавме цврсти во одбраната“ – рече Агире.
Швајцарскиот дефанзивец, Мануел Аканџи, беше задоволен од победата против Босна и Херцеговина. Тој призна дека фудбалерите што влегоа од клупата ја направија разликата. „Моравме да ја задржиме смиреноста особено кога го започнавме второто полувреме. Кога доминирате во ваков натпревар и создавате шанси, брзо станувате премногу офанзивни“ – рече Аканџи. „Резервните играчи направија огромна разлика за нас. Подобривме многу работи. Потребно е сите да продолжат да работат напорно“ – вели стоперот.
Селекторот на фудбалерите на Бразил, Карло Анчелоти, планира да направи промени во составот за мечот со Хаити во второто коло во групата „Ц“ на Светскиот шампионат. Бразилците во воведот одиграа само 1-1 против Мароко и сега ќе мора да одат на полн погодок против аматерите од Хаити. „Не се освојува Светско првенство во првиот натпревар. Сè уште сум уверен дека тимот ќе биде конкурентен“ – рече италијанскиот стратег.
