Јувентус го објави перманентниот трансфер на крилниот напаѓач, Џереми Бога, од екипата на Ница. Клубот соопшти дека платил 4,8 милиони евра плус 800.000 евра бонуси за да го задржи играчот од Брегот на Слоновата Коска до летото во 2029 година. Бога пристигна во гигантот од Торино на самиот крај од зимскиот преоден рок постигнувајќи четири гола.
Author: dino
Кристал Палас го промовираше францускиот тренер, Пјер Сеж, кој потпиша тригодишен договор. „Неверојатно е да се биде тука во Кристал Палас. Возбуден сум поради историјата на клубот и последните сезони“ – рече Сеж. „Затоа доаѓам тука со голема амбиција“, додаде тренерот кој работеше во Ленс и речиси до крајот на сезоната се бореше за титулата во Лига 1.
Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа потврди дека ќе се пензионира од професионалниот фудбал по Светското првенство. „Мексиканската репрезентација отсекогаш ми била компас, моја насока и во мојата кариера и во мојот живот. Не можам да ја замислам мојата кариера без националниот тим“ – рече Очоа. „Бидејќи моето време во репрезентацијата завршува, повеќе не гледам поента во фудбалот. Не гледам причина да продолжам да играм“ – изјави Мексиканецот за ФИФА.
Дефанзивецот, Максимилијано Араухо, стана првиот уругвајски играч од 2002 година кој постигна гол на своето деби на Светско првенство. Тоа се случи на мечот со С.Арабија. Последен пат тоа го направи легендарниот, Диего Форлан, кој постигна гол против Сенегал на Мундијалот во 2002 година. Уругвајците упатија рекордни 22 удари во едно полувреме во натпревар од Светско првенство гледано од 1974 година. Тогаш Германија имаше 24 против Чиле.
Франција и Сенегал денеска ќе се сретнат на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси во првиот меч од Групата I на Светското првенство. Франција го има 17-то учество на Мундијалите и освоено две титули (1998 и 2018). Сенегал игра по четврти пат. Франција во квалификациите имаше пет победи и едно реми. Постигна 16 голови а прими 4. Сенегал беше убедлив во Африка – седум победи и три реми во 10 натпревари со гол разлика од 22:3.
Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, се огласи по ремито 1-1 против Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза на Светското првенство. „Мораше да победиме. Во одредени моменти од првото полувреме нашиот тим потфрли. Тоа покажува дека не игравме најдобро“ – рече Биелса. Уругвај во второто коло ќе игра против Зеленортските острови на 22 јуни додека последниот натпревар во групата ќе му биде против Шпанија на 27.
Селекторот на фудбалерите на Норвешка, Стал Солбакен, зборуваше за формата на ѕвездата, Ерлинг Халанд, пред натпреварот на тимот на Светското првенство против Ирак на 17 јуни. „Мислам дека тој е најдобриот стрелец во светот. Тој е во добра физичка форма“ – рече селекторот на Норвешка. „Станува сè подобар и подобар на тренинзите. Тимот му ја дава поддршката што му е потребна“ – нагласи Солбакен.
Селекторот на Саудиска Арабија, Јоргос Донис, изјави дека нерешениот резултат на неговиот тим со Уругвај во нивниот прв натпревар од Групата Х на Светското првенство е позитивен. Грчкиот специјалист го имаше своето официјално деби откако ја водеше селекцијата на само три контролни натпревари пред Светското првенство во 2026 година. „Бод против тим како Уругвај е позитивен резултат и ќе ја зголеми нашата самодоверба. За среќа, имавме одличен голман и прилично солидна одбрана“ – додаде Донис.
Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт. Таму се натпреваруваа преку 350 триатлонци од земјите од регионот како и голем број на рекреативци, штафетни тимови и млади натпреварувачи во различни возрасни категории. Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните.
Поранешниот репрезентативец на Белгија, Еден Азар, ги процени шансите на неговата земја на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. „Црвените ѓаволи“ в понеделник ќе излезат на мегдан со Египет во меч од првото коло. „Нема сомнение дека Белгија е најдобриот тим групата но, првиот натпревар никогаш не е лесен. Тимот е мешавина од ветерани и нова генерација“ – рече Азар.„Очекувањата се високи секако но, пониски отколку во 2018 и 2022 година. Тогаш знаевме дека имаме играчи од врвни клубови кои освојуваат трофеи секоја година“ – рече Белгиецот.
