Author: dino

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, го нагласи значењето на капитенот Вирџил ван Дајк пред денешниот прв натпревар против Јапонија на Светското првенство. 63-годишникот рече дека секој селектор има желба неговиот капитен да биде клучна фигура на теренот и надвор од него. 34-годишниот Ван Дајк ќе започне како лидер во одбраната. „Кога е на теренот тој е одличен дефанзивец. Надвор од него е силна личност. Тој ја одржува атмосферата“ – рече Куман со напомена дека Ван Дајк веројатно го игра последно Светско првенство со оглед на неговата возраст.

Read More

Англиската фудбалска експедиција се соочи со непријатности поврзани со временските услови откако пристигнаа во Канзас Сити. Имено, Доцна вечерта илјадници луѓе во округот вклучувајќи ја и целата англиска делегација добија итно предупредување на телефоните за евакуација поради закана од торнада. Фудбалерите на „Гордиот Албион“ oстанаа затворени во хотелот додека силните ветрови и дождот направија прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Read More

Селекторот на фудбалерите на  Турција, Винченцо Монтела, се осврна на поразот од Австралија во воведниот меч за двете селекции на тековниот Мундијал. „Кенгурите“ победија со 2-0. „ Кога топката не влегува во голот работите не одат како што треба. Имавме 30 шутеви. Од тактичка гледна точка играта не помина како што сакавме“ – вели Монтела. „Противникот беше набиен во одбраната. Примивме два гола по контра-напади. Фудбалерите се подготвени за наредните предизвици“ – рече селекторот на Турција.

Read More

Фудбалерите на Бразил одиграа нерешено со Мароко 1-1 во првиот меч во групата „Ц“ на Мундијалот во САД, Мексико и Канада иако „кариоките“ беа фаворити на хартија. Нивниот селектор, Карло Анчелоти, направи проценка како се одвиваше мечот. „Имавме неколку проблеми, тимот не беше избалансиран, губевме многу топки и во тој сегмент мора да бидеме подобри. Во второто полувреме имавме проблеми со одбраната на Мароко“ – рече Анчелоти. Бразилците во втората рунда ќе излезат на мегдан со Хаити кој на стартот загуби минимално од Шкотска со 1-0.

Read More

Германската фудбалска репрезентација денеска ја очекува првиот меч на Светското првенство и тоа против дебитантот, Курасао. „Панцирите“ ќе истрчаат како огромни фаворити но селекторот, Јулијан Нагелсман, вели дека нема да го потценат противникот. „Тука сме за да бидеме состав кој е тешко да се победи. Сакаме да бидеме на врвот во нашата група“ – вели Нагелсман. Неговиот колега на клупата на Курасоа, легендарниот Дик Адвокат, изјави дека неговите избраници нема што да загубат и дека ќе се обидат на сите селекции во групата да им направат проблеми.

Read More

ФИФА ја потврди одлуката за жолтиот картон на парагвајскиот репрезентативец, Мигел Алмирон, на пресметката со САД. Тогаш судијата, Дени Макели првично му додели жолт картон на американскиот дефанзивец, Тим Рим, за прекршок врз Алмирон но, тој беше поништен од ВАР откако снимките покажаа дека Парагвајецот всушност симулирал. Тука беше искористена новата улога на видео-асистентите кои мора да имаат интервенции кај судиите за погрешно доделени жолти картони.

Read More

Марокот со ремито 1-1 против Бразил во првиот натпревар од Светското првенство го забележа 38-от последователен натпревар без пораз. Тоа е најдолга серија што ја има една репрезентација во историјата на фудбалот. Претходниот рекорд го држеше Италија која не загуби ниту еднаш од 2018 до 2021 година. Серијата на Мароканците започна во пролетта 2024 година. Во истата не се вклучени натпреварите во Африканското првенство на нации бидејќи таму играат фудбалери само од домашното првенство.

Read More
NBA

Кошаркарите на Њујорк по пауза од 53 години ја освоија шампионската титула во НБА- лигата откако во финалната серија го совлада Сан Антонио со 4-1. Во текот на ноќта Никси победија на гостински терен во Тексас со 94:90 и стигнаа до третата титула во историјата. Најзаслужен за тоа беше Џејлен Брансон кој постигна 45 поени и беше избран за МВП во финалето. Тој воедно го изедначи рекорд на Мајл Џордан од 1998 година. Двајцата се рекордери по бројот на постигнати поени на еден гостински меч во финалето во НБА-лигата.

Read More

Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (76(4) и 62). Претходно во првиот сингл меч Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (62 и 64), додека Олег Приходко загуби од Петар Јовановиќ со 2-0 (64 75). Во дуелот за првото место денеска Молдавија ја победи Летонија со 2:0, во мечевите…

Read More

Македонија ќе да биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на состанокот на ЕХФ во Келн, во рамки на финалниот викенд од сезоната. Шампионатот за мажи до 18 години ќе се игра во јули и август 2028 година, а организацијата и е доверена на Македонија. Во истиот пакет одлуки, ЕХФ и во 2028 година на Словенија. Ова е уште една важна потврда за довербата што европската куќа на ракометот ја има во организациските капацитети на Македонија, која и во минатото била домаќин на значајни меѓународни натпреварувања.

Read More