Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ изјави дека не се чувствува повреден, по денешниот натпревар против Парагвај на Светското првенство. – Сигурен сум. Не мислам дека е ништо – рече Пулишиќ по натпреварот. Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави го победи Парагвај со 4-1 во Инглвуд, во првото коло од Групата Д на Светското првенство. Предводени од Пулишиќ, домашните играчи беа многу подобри, имаа неколку добри шанси и остварија убедлива победа на почетокот од натпреварувањето, кое беше ко-домаќин заедно со Канада и Мексико. Пулишиќ учествуваше во постигнувањето на првиот гол, асистираше за вториот и го напушти теренот на полувремето откако доби удар во…
Author: dino
Две лица се уапсени од полицијата во Мисури откако значителна количина опрема на Англија за Светското првенство беше украдена од возила на пат кон новиот тренинг центар на тимот во Канзас Сити. Украдени беа копачките, топките и другата опрема за тренинг на играчите. Сепак, „Скај Спортс“ објави дека поголемиот дел од украдените предмети веќе се пронајдени, па се очекува бројот на исчезнати предмети да биде минимален. Англиската фудбалска асоцијација (ФА) одби да коментира за случајот, само наведувајќи дека случајот сега е во рацете на локалната полиција. „Истражуваме наводна кражба на опрема од тимско возило кое пристигнало во Канзас Сити, каде…
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, зборуваше за шансите на тимот на Светското првенство во 2026 година. „Дали се сметаме за поголеми фаворити од Франција, Бразил или Аргентина? Секако, но Аргентина е светски шампион, а ние го добивме финалето против Англија. И секој може да го добие финалето, па затоа сме способни да ги победиме и Англија и Холандија. Нивото е многу високо. Осум до десет екипи би можеле да победат: Португалија, екипи од Африка… Шпанија? Секако. Но, тоа не значи дека мора да победиме. Дури и да си посилен од противникот, можеш да изгубиш. Се чувствуваме силни,…
Фудбалската репрезентација на Бразил ќе биде ослабена на почетокот од Светското првенство, бидејќи Нејмар нема да биде во конкуренција за првиот натпревар од групната фаза против Мароко. Селекторот Карло Анчелоти потврди дека искусниот напаѓач сè уште се опоравува од повредата на листот и не е подготвен да игра на отворањето на турнирот. – Тој работи напорно за да се врати на теренот што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може целосно да се приклучи на тренинзите во наредните недели – рече Анчелоти. Бразилците ќе се соочат со еден од најтешките тестови во групната фаза на почетокот од првенството, бидејќи…
Македонската тениска репрезентација обезбеди недостижна предност против Грузија во меч од 3.коло од Третата Европска група од Дејвис купот.Калин Ивановски го совлада Александре Бакши со 2-0 во сетови (7:6; 6:2) додека Олег Приходко успеа да го победи Саба Пурцеладзе со 2-1 (6-7, 6-1, 6-3). Македонија со денешната победа го обезбеди второто место на табелата кое носи во баражот за влез во Втората група од Европската зона.
Нашата репрезентативка, Ива Младеновска, направи трансфер го германскиот ракометен состав, Борусија Дортмуд. Според објавеното, десниот бек треба да остане во елитата во Бундес-лигата до летото во 2028 година. Нејзиниот тим чека вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите. Младеновска има играно за Металург како и во француските состави Брест Бретања и Безансон.
На 80-годишна возраст почина Светислав Димовски, познат како „срцка“ или легендарна фигура низ салите во престолнината. Неговата улога како редар и човек задолжен за одржување на паркетот го направија препознатлив за љубители на спортот. Погребот е закажан за утре на гробиштата во Бутел
Светското првенство во Мексико, САД и Канада, веројатно ќе ги сруши сите рекорди за обложување на едно спортско натпреварување. Рекордни 48 земји ќе учествуваат на турнирот и ќе одиграат дури 104 натпревари или 40 повеќе отколку во претходниот формат. Се предвидува дека вкупниот износ на облози за Светското првенство ќе достигне 50 милијарди долари.Таа сумата ќе го надмине рекорд поставен во Катар пред четири години. Тогаш обложувалниците генерираа облози во вредност од околу 35,5 милијарди долари.
Репрезентацијата на Мароко претрпе голем удар пред почетокот на Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада откако остана без двајца клучни играчи. Дефанзивецот, Најеф Агерд и напаѓачот Ез Абде, се надвор од стројот поради повреди. Иако нема официјално соопштение, Мароканците ја информирале ФИФА за отсуството на дефанзивецот на Марсеј и напаѓачот на Бетис. Тие ќе бидат заменети со централниот дефанзивец на саудискиот Ал-Фатех, Марван Садан и крилниот напаѓач на Анже, Амин Саи.
Нашиот кошаркарски состав ТФТ потврди дека и во наредната сезона ќе настапува во АБА 2 лигата. – Како актуелни вице-шампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, обезбедивме учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27.По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидеме дел од ова престижно регионално натпреварување“ – стои во објавата. „Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка во…
