Репрезентацијата на Мароко претрпе голем удар пред почетокот на Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада откако остана без двајца клучни играчи.
Дефанзивецот, Најеф Агерд и напаѓачот Ез Абде, се надвор од стројот поради повреди. Иако нема официјално соопштение, Мароканците ја информирале ФИФА за отсуството на дефанзивецот на Марсеј и напаѓачот на Бетис.
Тие ќе бидат заменети со централниот дефанзивец на саудискиот Ал-Фатех, Марван Садан и крилниот напаѓач на Анже, Амин Саи.

