Author: dino

Спортскиот гигант – „Адидас“ ги претстави новите и редизајнирани трофеи за трите главни индивидуални награди на фудбалскиот Мундијал во САД, Канада и Мексико. Тие ги добиваат најдобриот фудбалер (Златна топка), најдобриот стрелец (Златна копачка) и најдобриот голман (Златна ракавица). Првите две награди премиерно беа доделени на СП во 1982 година во Шпанија додека признанието за најдобар голман се воведе во 1994 година на собирот во САД.

Read More

Денеска беше пуштена во употреба темелно реконструираната сала –„Расадник“ која повторно ќе биде дом на двократниот европски ракометен шампион Вардар како и на повеќе спортски субјекти кои гравитираат во Општина Кисела Вода. На отворањето на новиот спортски храм прусуствуваа: Премиерот, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Министерот за спорт, Борко Ристовски како и градоначалничката на Општината, Бети Стаменкоска Трајкоска. Салата располага со капацитет од 1000 седишта, реконструиран терен, уредени трибини, нови соблекувални, простории за стручните тимови, теретана, придружни спортски содржини како и сопствен систем за греење и освежување.

Read More

Интер постигна принципиелен договор за личните услови со голманот на Лацио, Иван Проведел. „Нероаѕурите“  треба да се договорат за трансферната сума со „римските орли“. 32-годишниот чувар на мрежата  влезе во последната година од договорот на „Олимпико“. Тој се согласил на тригодишен договор со плата под 1,5 милиони евра по сезона. Се очекува Лацио да бара околу 5 милиони за трансферот.

Read More
NBA

Лос Анџелес Лејкерс не е кандидат за ангажман на кошаркарот Јанис Антетокумпо. Според инсајдерот, Џејк Фишер.Клубот не е вклучен во разговорите околу ѕвездата на Милвоки додека Мајами и Портланд продолжуваат да преговараат. Лејкерси остануваат една од клучните теми во меѓусезоната посебно околу преговорите со Остин Ривс и неизвесноста околу Леброн Џејмс.

Read More

Предложените промени се резултат на програмата која е одговорна за развојот на МОК и покрај тековните глобални промени. Првата работна група е одговорна за измени во петтиот став од Повелбата за да се обезбеди политичка неутралност на МОК и да се заштити од прекумерно владино, политичко, социјално и економско влијание. Втората работна група се насочува кон структурата на управување на програмата на Олимписките игри.

Read More

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, упати јавен апел до навивачите на тимот пред Светското првенство. Актуелните светски шампиони ќе се соочат со Алжир, Австрија и Јордан во групната фаза од турнирот. „Можеме да гарантираме дека ќе се бориме до последен момент, тоа е апсолутно сигурно“, изјави Скалони.

Read More

Голманот на Мексико, Гилермо Очоа, се надева дека ќе стане првиот фудбалер што ќе се појави на шест Светски првенства. 40-годишниот ветеран се соочува со силна конкуренција од Раул Рангел. Се очекува капитенот на Ацтека, Едсон Алварез, да го одигра 99-от настап за националниот тим. Селекторот, Агире, се двоуми дали да го користи 17-годишниот талент Гилберто Мора во средниот ред или поискусните Орбелин Пинеда и Луис Чавез.

Read More

Светското фудбалско првенство ќе започне вечер со пресметката меѓу Мексико и Јужна Африка во Групата А. Воведниот натпревар ќе стартува од 21:00 часот на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Тоа ќе биде првиот од вкупно 104 мечеви на проширениот турнир со 48 селекции. Мексико влезе во историјата како прва земја што три пати е домаќин на Мундијал. Во 1970 и 1986 година, тие сами го организираа најголемиот фудбалски настан а сега ги делат правата со САД и Канада.

Read More

Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари. Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате. Успешен ден…

Read More

Македонија ги доби противниците за следното Светско првенство во ракомет кое ќе се одржи во Германија во јануари 2027 година. Нашата репрезентација ќе игра во групата Х заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија, а натпреварите ќе ги игра во Магдебург. Групи СП 2027 и градови-домаќини: група А: (Минхен) Германија, Србија, Тунис, Уругвајгрупа Б: (Штутгарт) Египет, Италија , Зеленортски Острови, Саудиска Арабијагрупа Ц: (Минхен) Хрватска, Шпанија, Чиле , Турцијагрупа Д: (Штутгарт) Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт,група Е: (Кил) Шведска, Норвешка, Грција, Катаргрупа Ф: (Магдебург) Португалија, Фарски Острови, Полска, Алжиргрупа Г: (Кил) Данска, Словенија ,САД, Ангола група Х: (Магдебург) Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија…

Read More