Македонија ги доби противниците за следното Светско првенство во ракомет кое ќе се одржи во Германија во јануари 2027 година.
Нашата репрезентација ќе игра во групата Х заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија, а натпреварите ќе ги игра во Магдебург.
Групи СП 2027 и градови-домаќини:
група А: (Минхен) Германија, Србија, Тунис, Уругвај
група Б: (Штутгарт) Египет, Италија , Зеленортски Острови, Саудиска Арабија
група Ц: (Минхен) Хрватска, Шпанија, Чиле , Турција
група Д: (Штутгарт) Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт,
група Е: (Кил) Шведска, Норвешка, Грција, Катар
група Ф: (Магдебург) Португалија, Фарски Острови, Полска, Алжир
група Г: (Кил) Данска, Словенија ,САД, Ангола
група Х: (Магдебург) Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија
Македонија својот прв натпревар треба д аго игра со Јапонија на 15 јануари, два дена подоцна ќе игра со Бахреин, а во последното коло на 19 јануари противник ќе ни биде Исланд.
Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2027 година, а домаќини на натпреварите во групи ќе бидат Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.

