Кошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија. Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена. Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја.
Author: dino
Новата сезона во Првата фудбалска лига со десет екипи ќе започне на 25 јули и ќе има 36 кола или четири кружен-систем. Во првото коло Вардар ќе игра со Брегалница Штип, Шкендија против Скопје, Струга со Шкендија (А), Силекс ќе оди на мегдан со Башкими а Тиквеш против Арсими. Првото големо дерби ќе биде на 8 август кога во Скопје кај новиот шампион Вардар ќе гостува тетовска Шкендија. Првиот дел од шампионатот ќе трае до декември а потоа ќе следува зимска пауза.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на денешната средба со новинарите направи кратка анализа на последните мечеви и најави што планира во иднина. „Повикав повеќе фудбалери од македонското првенство и сите добија шанса. Очекуваме и посакуваме некое ново име од младата репрезентација кое биде повикано во сениорската репрезентација“ – рече Седлоски. „Мора да бидеме реални и да кажеме дека не чекаат тешки предизвици во Лигата на Нации. Знам дека тие што ќе бидат повикани ќе го дадат максимумот. Треба да го оставиме лошото зад нас“ – рече Седлоски.
Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите проговори на неколку теми.„Имавме добра сезона, тешко првенство со одлично имплементиран ВАР. Сега не чека нов систем на натпреварување, четирикружно. Сите реформи се направени и тоа треба да не радува сите во фудбалот“ – истакна Масар Омерагиќ.„Шкендија Арачиново мора да ја промени коренито организациската поставеност за да добие лиценца. Тоа е според правилата на УЕФА. Ние како Федерација сакаме да и помогнеме. Нема да има толеранција и за сите други екипи доколку не ги исполнуваат условите“ – рече Омерагиќ.
Денеска во Минхен од 18.00 часот ќе бидат формирани групите за Светското ракометно првенство во 2027 година кое ќе биде реализирано од 13 до 31 јануари во Германија. Македонија сигурно нема да игра во Штутгарт а другите градови во прелиминарната рунда се: Минхен, Кил и Магдебург. Во првата по квалитет група се сместени фаворитите: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина. Македонија ќе биде извлечена од вториот шешир заедно со Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Во третиот по квалитет се: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелено’ртски Острови, Чиле и Соединетите Американски Држави. Како аутсајдери во групите…
Екипата на Рома планира да обезбеди нови имиња во текот на летниот трансфер период, тврдат медиумите на Апенините. „Волчицата“ која ќе настапува на неколку фронта во наредната сезона вклучително и ЛШ, сака да го ангажира англискиот напаѓач на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд. Италијанците засега се подготвени да понудат 40 милиони евра но, тоа веројатно нема да ги задоволи апетитите на францускиот состав.
Челниците на Јувентус не се откажуваат од идејата да го ангажираат корпулентниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Александар Шорлот, тврдат медиумите во Италија. Иако шпанскиот тим ја одбил првичната понуда од 22 милиони евра, се верува дека „старата дама“ нема да се повлече и дека ќе ги продолжи преговорите. Наводно, напаѓачот се согласил да замине во Серија „А“ и тоа со договор вреден 4 милиони евра по сезона. Атлетико за неговиот потпис бара 40 милиони.
Поранешнииот фудбалер, Џо Кол, ги советува луѓето од Челзи да направат напор да го купат напаѓачот, Маркус Рашфорд, кој веројатно ќе се врати во Јунајтед доколку Барса не му го продолжи договорот за позајмица. „Сè се сведува на плата и цена. Тој е добар избор од многу аспекти но, не би сакал да потрошам богатство на него“ – рече Кол. „На Челзи му е потребно продуктивно напаѓачко трио, искусен централен дефанзивец и можеби голман“ – рече поранешниот играч од средниот ред на „сините“.
Медиумите во Англија шпекулираат дека Манчестер Сити е отворен за продажба на неколку значајни фудбалери.Тука се вклучени: ги Нико Гонзалез, Рико Луис, Тијани Рајндерс, Омар Мармуш, Матео Ковачиќ, Џејмс Трафорд и Натан Аке. Во меѓувреме, Јошко Гвардиол, размислува дали да остане откако за неговиот потпис се заинтересираа Баерн Минхен и Барселона. Во исто време, Рубен Дијас се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид.
Кошаркарската Евролига на 26 јуни ќе треба да го утврди списокот на екипи што ќе бидат дел од наредниот шампионат. Познато е дека во игра се две вајлд-карта за сезоната 2026/27. Се очекува екипата на Париз да ја добие едната додека Монако и Бешикташ конкурираат за втората. Ситуацијата со тимот од Кнежевството е компликувана поради неизвесниот статус на клубот и несигурната финансиска состојба. Од друга страна, турскиот состав е стабилен од секој аспект и реално има поголеми шанси да заигра во Евролигата.
