Младиот возач од Италија, Андреа Кими Антонели, ја оствари петтата победа во серија во Формула 1 откако беше највешт на трката за Големата награда на Монако. Истата донесе две влегувања на безбедносното возило и црвено знаме во последните 18 кругови. Во целиот хаос на патеката, Антонели успеа безбедно да дојде до целта пред Луис Хамилтон. Третото место го има Исак Хаџар, но, тоа може да се промени доколку заработи казна за направениот прекршок. Понатаму во зоната за бодови влегоа и Оскар Пјастре, Лиам Лосон, Арвид Линдблад, Пјер Гасли, Алекс Албон, Естебан Окон и Серхио Перез. Антонели е лидер со 156…
Author: dino
Македонскиот борец, Гого Славески, ја оствари осмата победа во БКФЦ (бокс со голи раце) откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите, по пет жестоки рунди. Славески доминираше во борбата, неколку пати го испрати канадскиот натпреварувач во нокдаун, но тој некако успеа да ја заврши борбата. Судиите немаа голема дилема и без размислување го прогласија нашиот борец за победник. Oва е осма победа на Славески во својата деветта борба во кариерата. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување. Последниот триумф го имаше во декември 2025 година.
Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Светско првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во август во Франкфурт, Германија. Таа пред неколку дена настапи на Европското првенство во ритмичка гимнастика во Варна, Бугарија, натпревар, кој е клучен за квалификации за Светско. Соколовска живее со семејството во Германија и одамна е дел од Бундес лигата, но, посебно среќна ја прават настапите за Македонија, бидејќи, како што вели, пасошот и знамето и се од Македонија. „Јас два месеци претстојував во Баку, Азербејџан на подготовки. За време на тренинг кампот учествував на AGF Trophy World…
Денеска во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка, здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија а реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија. Како што беше истакнато на самитот, во рамките на овој проект, 15 национални спортски федерации добија суб-грантови во висина од 6.700 евра. Овие средства се наменети за развој и спроведување на сопствени акциски планови за родова еднаквост, како и…
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ следната сезина се слеи во Грција. Според некои информации објавени денеска, нашиот репрезентативец е многу блиску до потпис со Арис од Солун. Според најавите од Грција, 27-годишниот плејмејкер наскоро би требало да стане нов член на еден од најголемите грчки клубови, кој заедно со градскиот ривал ПАОК подготвува амбициозен проект за претстојната сезона. Димитријевиќ минатата сезона ја започна во Олимпија Милано, а потоа се пресели во Баерн Минхен.
Фудбалерот на Рома, Ману Коне, може ќе си замине од клубот во летниот трансфер период, тврдат медиумите во Италија. Неговата пазарна вредност е околу 50 милиони евра. Тој во последната сезона имаше 29 натпревари со ефект од два гола и три асистенции но, имаше и одлични статистички показатели во другите елементи. Французинот во моментов се подготвува со неговата селекција за претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Најмладиот тренер во Серија А, Карлос Кеста, ќе продолжи да го води тимот на Парма и во наредната сезона, објавија медиумите во Италија. 30-годишниот Шпанец наскоро може да потпише нов договор до 2028 година. Поранешниот помошник на Микел Артета во Арсенал, имаше добра дебитантска сезона на чело на „млекарите“. Неговиот тим го освои 13-то место и успеа да обезбеди опстанок во најсилната фудбалска конкуренција на „Чизмата“.
Германскиот фудбалски тренер, Марко Росе, го презеде кормилото на Борнмаут, објави доцна синоќа прес-службата на англискиот клуб. Росе е познат по енергичниот стил и напаѓачки фудбал. Тој одлично работи и со младите фудбалери, се наведува во дел од објавата. -Тој имаше импресивна кариера во Австрија и Германија тренирајќи клубови во Бундеслигата, Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа“, се наведува кон крајот на соопштението на Борнмаут.
Екипата на Ливерпул нема да се откаже од идејата да го ангажира фудбалерот на Лајпциг, Диоманде иако крилниот напаѓач изрази желба да замине во ПСЖ. Во исто време, тимот од Германија постави цена од најмалку 130 милиони евра за да го ослободи црномурестиот фудбалер. Играчот од Брег Слонова Коска има договор до 2030 година. „Црвените“ исто така се заинтересирани и за Бредли Баркола како можна зaмена за Мохамед Салах кој го напушти стадионот – „Енфилд“.
Возачот на Мерцедес во Формула 1, Андреа Кими Антонели, објасни дека луѓето од екипата нема да даваат посебни наредби во неговата битка со клупскиот колега, Џорџ Расел. „Имавме дискусија по викендот во Канада . Можеме слободно да се натпреваруваме сè додека има почит и не се доведуваме во опасни ситуации“- рече младиот возач. „Сакаме тимот да победува и сме свесни за работите, затоа ќе продолжиме да се натпреваруваме како во Канада но, малку попаметно“ – рече Антонели.
