Возачот на Мерцедес во Формула 1, Андреа Кими Антонели, објасни дека луѓето од екипата нема да даваат посебни наредби во неговата битка со клупскиот колега, Џорџ Расел.
„Имавме дискусија по викендот во Канада . Можеме слободно да се натпреваруваме сè додека има почит и не се доведуваме во опасни ситуации“- рече младиот возач.
„Сакаме тимот да победува и сме свесни за работите, затоа ќе продолжиме да се натпреваруваме како во Канада но, малку попаметно“ – рече Антонели.

