Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ следната сезина се слеи во Грција. Според некои информации објавени денеска, нашиот репрезентативец е многу блиску до потпис со Арис од Солун.
Според најавите од Грција, 27-годишниот плејмејкер наскоро би требало да стане нов член на еден од најголемите грчки клубови, кој заедно со градскиот ривал ПАОК подготвува амбициозен проект за претстојната сезона.
Димитријевиќ минатата сезона ја започна во Олимпија Милано, а потоа се пресели во Баерн Минхен.

