Првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија пристигна во Прилеп.Овој град беше домаќин и на спортско едукативниот проект „Zero Waste“, натпреварите воCoca Cola Cup 2011, мал фудбал, одбојка, баскет 3х3, народна 2015 и 2017 и атлетика. Над 700 млади „симовци“ одлично се забавуваа и уживаа во „Денот на спортот“, испишаа новиприказни и создадоа пријателства за цел живот. Спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата за првпат се одржува во Македонија. Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација, Горан Кузманоски заедно со Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика…
Author: dino
Петар Станисавовски, млад фудбалер кој бил дел од школата –„Гроздановски“, загина во трагична сообраќајка во индустриската зона до населбата Илинден. „Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Во овие тешки моменти изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, неговиот брат Марко, роднините и пријателите. Нека му е вечна слава и вечен помен. Почивај во мир, Петар“, соопштија од школата. Ќе потсетиме дека пред неколку денови и 13-годишниот фудбалер, Аган Асани, член на младинските категории на Куманово, загина во тешка сообраќајна несреќа.
Селекторот на нашите најдобри кошаркари, Жозеп Мариа Берокал, го објави проширениот список за јулските претквалификации за Евробаскетот во 2029 година. Во групата – „А“ , Македонија ќе игра со селекцијата на Ирска (во Скопје) на 2 јули додека три дена подоцна ќе гостува кај Луксембург. ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – ЈУЛИ 2026Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-ГерманијаАндреј Јакимовски- Тренто – ИталијаАдем Мекиќ – Задар (Хрватска)Лејсон Зеќири – Башкими – КосовоВалмир Какруки – Сигал Приштина – КосовоРезарт Мемед – Бора (Косово)Андреј Шошкиќ – НЦАА-САДПавел Иванов – НЦАА – САДВојдан Стојановски – МЗТ Скопје АеродромАндреј Маслинко – МЗТ Скопје АеродромМарин…
Вистински спортски празник во Кавадарци за „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 1.000 дечиња уживаа во големиот спортски настан, кој за првпат се одржува во Македонија. Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во: Coca Cola Cup 2011, футсал 2015, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања.Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалничката на Неготино, Марија Нацева и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој свечено ги прогласи Игрите за отворени. Капитенот…
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го пуштија во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. -Министерството за спорт продолжува со реализацијата на сите капитални проекти кои беа заостанати. Продолжуваме да инвестираме во она што сметаме дека е најважно а тоа е спортската инфраструктура – рече министерот Ристовски. Поздравувајќи ја реализацијата на овој проект, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски нагласи дека ветувањата што се дадени треба да се реализираат и дека Владата ќе продолжи да работи посветено во таа насока. наредниот период.
Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, во јули ќе има право да потпише договор за пет сезони за вкупни 251 милион долари. Сумата може да порасне до 301 милион доколку центарот биде именуван во Ол-НБА тимот, ја добие наградата (MVP) или ја освои титулата во наредната сезона. Тој во сезонава во плеј-оф натпреварите има просек од 23,2 поени, 10,8 скока и 3,5 блокади по натпревар.
Омар Мармуш може да го напушти Манчестер Сити во текот на летото доколку пристигне понуда за трансфер, најавија дел од медиумите во Англија. Египетскиот фудбалер во 2025 година си замина од Ајнтрахт Франкфурт за помалку од 60 милиони евра и се пресели на „Етихад“. Тој во првата сезона влегуваше главно од клупата за резерви и одигра само 21 натпревар со ефект од три гола и три асистенции. Според непотврдени информации за неговиот потпис се заинтересирани: Тотенхем, Астон Вила и Атлетико Мадрид.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, може да добие понуда да се пресели во Арсенал, најавуваат дел од медиумите. 28-годишниот напаѓач во претходната сезона играше како позајмен во Барселона но, Каталонците не се премногу агилни да му го откупат договорот за бараните 26 милиони фунти. Според објавеното во весникот Мирор, екипата од Лондон може да ја искористи целата ситуација.
Јувентус е под будното око на Комитетот за финансиска контрола на УЕФА. Затоа екипата од Калчото нема да биде премногу активна на трансфер-пазарот. „Старата дама“ мора да се придржува до план за ограничување од три до четири години во кој односот на трошоците не можат да надминат строг процент од институционалниот приход. Се претпоставува дека Јуве ќе се фокусира на обновување на договорот со главната ѕвезда на тимот, Душан Влаховиќ, кој прифати намалување на платата.
Луѓето од фудбалскиот состав Милан интензивно бараат решение за клупата откако Макс Алегри си замина на крајот на сезоната. Според најавите од Италија, Оливер Гласнер, може да добие понуда да се пресели во Милано. Австриецот на 30 јуни ќе биде слободен откако ќе му истече договорот со Кристал Палас. 51-годишникот работеше во германските состави Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург. Во еден период беше и на клупата на австрискиот ЛАСК.
