Вистински спортски празник во Кавадарци за „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 1.000 дечиња уживаа во големиот спортски настан, кој за првпат се одржува во Македонија.

Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во: Coca Cola Cup 2011, футсал 2015, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања.Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалничката на Неготино, Марија Нацева и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој свечено ги прогласи Игрите за отворени.

Капитенот на ФК Тиквеш, Александар Вареловски, капитенот на ГРК Тиквеш, Марјан Велков, капитенот на КК Тиквеш Голден Игл, Тодор Златев и капитенката на Пробаскет, Лиле Ѓорѓиева, заедно со маскотата „Виктор“ и младите дечиња, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.







