Author: dino

Арсенал е подготвен потроши повеќе од 280 милиони евра во летниот трансфер период со што ќе биде надминат клупскиот рекорд за купување на нови фудбалери. Според извештајите, клубот планира да направи неколку промени на различни позиции на теренот.  Во преден план е да се обезбеди централен напаѓач, лево крило, централен играч од средниот ред и квалитетен десен бек. Финалистот во последното издание во Лигата на шампионите, веројатно ќе го задржи најголемиот дел од фудбалерите кои ја освоија Премиер-лигата на Англија.

Read More

Англиските медиуми тврдат дека фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе го купи Едерсон од Аталанта. Според наведеното, „црвените ѓаволи“ очекуваат да го финализираат трансферот за вкупна сума од 40 до 45 милиони евра. Наводно, Бразилецот се согласил со понудата и изјавил дека има голема желба да се упати кон стадионот – „Олд Трафорд“.

Read More
NBA

Играчот на Оклахома, Чет Холмгрен, призна дека не бил доволно активен офанзивно во седмиот натпревар против Сан Антонио кој му припадна на противникот. „Понекогаш излегував надвор од ритам. Дефинитивно имав моменти кога можев да упатам повеќе шутеви но, не го направив тоа“ – рече Холмгрен. Центарот во пресметките против Сан Антонио имаше 7,3 обиди за шут или четири помалку од неговиот просек во регуларната сезона.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, вели дека играчите што симулираат никогаш не освојуваат трофеи. „Има момци што го прават тоа. Затоа, престанете да го нарекувате Шеј  неуспешен затоа што е шампион“ – рече Грин. „Тоа едноставно не се случува. Загрижени сте за нивните ситуации? Одбранете се подобро. Ако не сте, замолчете“ – рече Грин.

Read More

Нашите најдобри фудбалери одиграа без голови на пријателскиот меч против БИХ на стадионот во Сараево. Во одличен амбиент со максимално исполнет стадион, двете селекции одиграа на моменти и здодевен меч. Двајцата селектори, Барбарез и Седлоски, им дадоа шанса на речиси сите фудбалери.Македонската експедиција сега ќе замине за Истанбул. Таму в понеделник ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција.

Read More

Катерина Ацевска од денеска го презеде светскиот трон во џиу џицу фајтинг кај сениорите во категорија преку 70 килограми. Македонката е водечка на ранг-листата на Светската џиу џицу федерација со 1006, 26 бодови, пред Ема Лете од Шведска со 948,75 и Ања Гуерцке од Германија со 700 поени.Зад Ацевска останаа 70 натпреварувачи од 30 држави. „Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи. Една цела младост..“ – објавија од Македонската џиу џицу федерација.

Read More

13-годишниот фудбалер Аган Асани, член на младинските категории на Куманово, загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје. Според официјалните информации од СВР Куманово, на влезот во селото Черкези имало директен судир на патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и електричен тротинет кој го управувал младиот Асани. Тинејџерот им подлегнал на повредите на самото место. За трагедијата се огласија и од Фудбалската репрезентација на Македонија, од каде изразија длабоко жалење и искрено сочувство до семејството на Асани.

Read More

Велес е шестиот град во Македонија во кој се реализира – „Денот на спортот“ кој промовира спортски вредности и ги отвора вратите за најмладите. Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Велес, Марко Колев, пратеникот Игор Здравковски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, како и директорот на Гимназијата „Кочо Рацин“, Илија Попов, кој се погрижи организацијата да биде на врвно ниво. Ракометната легенда Пепи Манасков и поранешниот фудбалер Панче Ќумбев, заедно со младите дечиња, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.

Read More

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, потврди дека најавениот трансфер на фудбалерот, Алесандро Бастони, во Барса нема да се реализира. Тој напомена дека клубот не продава играчи за профит. „Ако некој сака да си замине, тоа е целосно по негово слободно убедување. Бастони не изразил таква желба. Тој е задоволен од тимот и немаме причина да го пуштиме да си оди“ – рече Марота. Тековниот договор на дефанзивецот со „нероаѕурите“ е до летото во 2028 година. Тој во сезоната 2025/2026, одигра 40 натпревари со ефект од  два гола и шест асистенции.

Read More

Брентфорд достави официјална понуда до Келн за германскиот фудбалер, Саид Ел Мал, велат последните информации од Премиер-лигата. Англискиот клуб е подготвен да плати фиксна сума од 40 милиони евра плус пет во бонуси. Дополнително, Келн ќе добие 15% од секоја наредна продажба на фудбалерот. Спортскиот директор на „јарците“, Томас Кеслер, потврди дека добил понуда за 19-годишникот кој во сезоната постигна 13 гола и имаше четири асистенции во 34 натпревари од Бундеслигата.

Read More