Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги пофали играчите за пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите. „Има многу работи што можевме да ги промениме. Како менаџер никогаш не можете да бидете совршени, исто како што играчот никогаш не може да биде совршен“ – рече Слот. „Во последниве сезони, големи клубови не успеваат да се квалификуваат за Лигата на шампионите, навистина сум горд на играчите“ – рече тренерот на „црвените“.
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, по победата кај Кристал Палас, се осврна на титулата во Премиер-лигата. „Тешко е да се опише со зборови. Многу емоции, многу радост, гордост. Постигнавме многу работи за кои мислам дека се од голема вредност“ – рече Артета. „На крајот, тука сме за да освоиме големи трофеи. Во три наврати малку потфрливме но, мислам дека тоа не мотивираше сите“ – вели тренерот на „топчиите“.
Ѕвездата на Оклахома Сити, Чет Холмгрен, изјави дека треба да покажува подобри партии против Сан Антонио во финалето на Западната конференција. „Мислам дека без разлика што правам на теренот, секогаш очекувам повеќе. Гледам многу моменти во играта што треба да ги подобрам и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“ – рече кошаркарот. Центарот на Оклахома во досегашните четири мечеви против „Спарси“ има просек од 11,3 поени, 6 скокови и 1,3 асистенции.
Екипата на Сан Антонио ја совлада Оклахома со 103-82 во четвртиот меч во финалето на Западната конференција во НБА лигата и изедначи на 2:2 во победи. Центарот, Виктор Вембањама, одигра уште еден фантастичен меч за победничкиот тим. Французинот имаше 33 поени, 8 скокови, 5 асистенции и три блокади. Неговите соиграчи Кастл и Васел постигнаа по 13 кошеви. Кај поразените се издвои Гилџиус-Александар со 19 поени пред Харштејн со 12. Петтиот меч ќе биде одигран в среда на теренот на Оклахома.
Кими Антонели, во болидот на Мерцедес, е победник на синоќешното хаотично Гран При на Канада во Формула 1. Второто место го освои Луис Хамилтон со Ферари додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши трет. Бодови освоија уште и Леклер, Хаџер, Колапинто, Лавсон, Гасли, Сајнц и Берман. Во генералниот пласман на возачите по првите пет трки од сезоната, Антонели води со 131 бод, пред Расел и Леклер. Кај тимовите, Мерцедес води пред Ферари и Мекларен.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на „Ролан Гарос“ откако со 3-1 во сетови (5:7, 7:5, 6:1, 6:4) го совлада домашниот претставник, Џовани Перикар. 39-годишниот српски тенисер дојде до нов рекорд— 82 настапи на Гренд слем турнирите. Ѓоковиќ се израмни со Ришар Гаске и Антоан Жентијан по бројот на настапи на турнирот во Франција. Сите имаат по 22-две учества. Популарниот Ноле го освојуваше пехарот во Париз во 2016, 2021 и 2023 година.
Нашата таеквондиска, Милијана Рељиќ, освои сребрен медал на Луксембург Г-1 опен. Во првото коло македонската олимпијка ја победи Гифер Изабел од Германија со 2:0 во рунди a во второто коло беше поуспешна од Сабин Изебел од Луксембург. Во полуфиналето Релиќ победи против Ебнутабим Сомаја од Германија додека во финалето беше поразена од Македо од Бразил.
Џери Кардинале ќе биде на стадионот Сан Сиро на натпреварот Милан – Калјари. Само неуспех во последен момент би можел да ги промени плановите на шефот на „росонерите“ да направи голем ремонт во тимот. Имено, доколку Милан влезе во ЛШ, Кадинале најави значителна активност на трансфер пазарот во текот на летото. Тој во последното интервју откри дека ги планира, Леон Горецка кој си заминува од Баерн Минхен, Гонзало Рамос (ПСЖ), Жираси (Борусија Дортмунд), Шорлот (Атлетико Мадрид) и евентуално Душан Влаховиќ, кој не е сигурен дека ќе остане во Јувентус.
Маурицио Сари е многу блиску до преземање на кормилото на Аталанта, наведува новинарот, Николо Скира, со напомена дека преговорите меѓу двете страни влегле во последната фаза. Се очекува 67-годишниот Сари набрзо да си замине од Лацио и да потпише договор со екипата од Бергамо до летото во 2029 година со плата од 3,5 милиони евра по сезона. Тоа ќе биде втората најавена тренерска промена во Серија „А“ на крајот на сезоната ако се знае дека и Антонио Конте ќе си замине од редовите на Наполи.
Фудбалерот, Кристијан Ромеро, кој игра во срцето на одбраната на Тотенхем, може да добие понуда да се пресели во Барселона, откриваат дел од медиумите во Англија. Каталонците сакаат да ја засилат одбраната и затоа размислуваат да започнат преговори со централниот дефанзивец на „спарси“. 28-годишниот Аргентинец во сезонава се појави на 32 меча во сите конкуренции со ефект од шест голови и 4 асистенции.
