Author: dino

NBA

Претседателот на кошаркарскиот состав Детроит, Трајан Лангдон, вели дека е задоволен од настапите на центарот, Џејлен Дурен и дека работи на негово останување во тимот. „Имаше фантастична сезона. Тој е Ол-стар и еден од клучните играчи. Oчекуваме да се сретнеме со неговите претставници, да го финализираме договорот и да се осигураме дека тој ќе остане во Пистон“ – рече Лангдон. Дурен во регуларниот дел одигра 70 мечеви со просек од  19,5 поени и 10,5 скокови.

Read More
NBA

Екипата на Далас ја заврши соработката со тренерот, Џејсон Кид, кој во изминатите пет сезони го водеше тимот двапати до финалето на конференцијата и до решавачките мечеви за пехарот во НБА лигата. Тој во изминатото лето потпиша продолжување на соработката за уште 4 години со плата од 40 милиони евра. „Решивме дека е време за нова насока. Ќе имаме потрага по нов главен тренер сè додека не ги постигнеме стандардите што ги заслужуваат нашите навивачи“ – рече новиот претседател на Далас, Уџири.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалето од Купот меѓу Силекс и Шкендија. На центарот на утрешниот меч на Арената во Скопје ќе биде Игор Стојчевски кој е дел од програмата на УЕФА за елитни судии а негов ментор е славниот турски судија, Џунет Чакир. Тоше Ицев и Вјолца Изеири ќе бидат помошници додека четврти судија ќе биде Бењамин Керими. Во ВАР собата главниот збор ќе го има Александар Грујоски а негов асистен ќе биде Гоце Петрески.

Read More

Македонските ракометари супериорно обезбедија место на Светското во Германија во 2027 година откако на домашен терен ја прегазија Словачка со 38:23. Во преполниот – СЦ Борис Трајковски, избраниците на Кире Лазаров доминираа од првата до последната минута и со двоцифрена предност го завршија мечот. Тоа само ја покажува разликата меѓу двете земји која беше евидентна и на првата средба во Прешов кога славевме со 31:24. Нашите ракометари сега ќе ги очекува и десеттиот настап на Мундијалите.

Read More

Извршниот директор на Хонда, Тошихиро Мибе, објасни дека големите финансиски загуби се главно поврзани со сериозните инвестиции нво електрични возила и стратегијата на Хонда за развој на електрична мобилност. Сепак, компанијата започна да ја ограничува својата активност, пред сè, со суспендирање на проект од 11 милијарди долари во Канада за производство на електрични возила и батерии. Тоа би можело да има интересни импликации за политиката на „Honda“ во Формула 1. Досега, Ауди и Хонда беа добавувачи на погонски делови кои се користеа во болидите.

Read More

Јувентус започна прелиминарни преговори за потпишување на Џорџо Скалвини од Аталанта за да го привлечат во летото, објавува „Тутоспорт“. За да учествува на европските клупски турнири, Јувентус мора да има минимум осум домашни играчи на листа од 25 фудбалери. Од нив најмалку четворица од нив мора да бидат млади. „Бјанконерите“ моментално го заземаат третото место на табелата во Серија А.

Read More

Искусниот, Хавиер Пасквал, веројатно ќе седне на кормилото на Дубаи за наредната кошаркарска сезона, велат последните информации од клубот. 53-годишниот тренер ја презеде Барселона за сезоната 2025/26. Тој претходно со Каталонците има пехар од Евролигата како и четири титули во шпанското првенство и три победи во Купот на кралот. Дубаи во наредната сезона ќе има за цел да влезе на Ф4 турнирот во Евро-лигата.

Read More

Репрезентацијата на Иран треба да ги игра натпреварите од групната фаза на СП во Соединетите Американски Држави, но нејзиното учество на турнирот е под знак прашалник по нападот на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари. Вчера, Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, се сретна со претседателот на Иранската федерација, МехдиТаџ. „Имавме одлична и конструктивна средба со Иранската фудбалска асоцијација. Тесно соработуваме и со нетрпение очекуваме да ги видиме на Светското првенство –  рече Графстром.

Read More

Екипата на Челзи потврди преку социјалните мрежи дека Чаби Алонсо ќе биде нов менаџер на лондончани. Тој некаде во почетокот на годинава си замина од Реал Мадрид и речиси шест месеци беше без ангажман. Чаби се прослави на кормилото на Баер Леверкузен откако ја освои титулата во Бундес-лигата. Според објавите во Англија,, Шпанецот треба да остане на „Стемфорд Бриџ“ во наредните четири сезони.

Read More

Фудбалската Федерација на Македонија предмалку со официјално соопштение ги осуди последните настани по повод прославата на титулата на ФК Вардар и недоличното однесување на целокупниот екипаж. Содржината на социјалните мрежи преку кои целата јавност беше сведок на недоличното однесување и скандалозните пароли пренесени од ФК Вардар се за секаква осуда, на кои што секако се приклучува и Фудбалската Федерација на Македонија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и…

Read More