Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалето од Купот меѓу Силекс и Шкендија.
На центарот на утрешниот меч на Арената во Скопје ќе биде Игор Стојчевски кој е дел од програмата на УЕФА за елитни судии а негов ментор е славниот турски судија, Џунет Чакир.
Тоше Ицев и Вјолца Изеири ќе бидат помошници додека четврти судија ќе биде Бењамин Керими. Во ВАР собата главниот збор ќе го има Александар Грујоски а негов асистен ќе биде Гоце Петрески.

